Како што многумина веруваат во хороскоп или читање од дланка, постојат и такви кои веруваат дека карактерот може да се чита и според бојата на очите.

Еве што вели теоријата врз основа на очите на некои од најпознатите балкански личности.

ЦРНИТЕ ОЧИ НИКОГАШ НЕ ЛАЖАТ!

Вие сте паметни и досетливи. Секогаш ја говорите вистината и луѓето поради тоа ве сакаат. Кога сте несигурни, не сакате тоа другите да го видат, па ќе направите сè за да го прикриете тоа.

Брзи сте на јазик и први ќе пронајдете одговор на поставеното прашање или ќе раскажете некоја шега.

Покрај тоа, одлично се снаоѓате во кризни ситуации и кога треба да решите некој проблем – брзо размислувате.

КАФЕАВИ ОЧИ – НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ

Вие секогаш се обидувате секого да го разберете и лесно ја читате внатрешноста на другите луѓе.

Другите ве гледаат како пријателска личност на која е лесно да и се пријде, па затоа лесно стекнувате пријателства со луѓето. А бидејќи негативностите ги чувате за себе, не дозволувајте да ги видат и другите.

Сакате да бидете во друштво со пријатели. Тогаш сте секогаш среќни, бидејќи ве инспирираат други луѓе, па затоа сте многу екстровертна особа.

СИНИТЕ ОЧИ И СЕ ПОТЧИНУВААТ НА СУДБИНАТА

Вие сте мирни и самоуверени. Другите ве гледаат како смирена и рамнотежена личност. Не дозволувате другите да ве видат во “лошо светло”.

Лесно ја прифаќате состојбата на нештата и вас тешко може да ве разлутат.

Поскоро ќе продолжите со животот, отколку да се лутите поради некоја ситуација која не може да се промени.

ЗЕЛЕНИ ОЧИ – ГАЗАТ СÈ ПРЕД СЕБЕ

Вие сте креативни и единствени. Секогаш сте уметнички настроени и луѓето ги воодушевувате со своите креативни и оригинални идеи.

Сепак, на другите не сакате да им го прикажете процесот преку кој доаѓате до идеи, бидејќи тоа го сметате за непотребно.

Понекогаш знаете да бидете премногу амбициозни и свирепи, бидејќи сте одлучиле да го добиете она што го сакате.

Подготвени сте да ги згазите другите за да дојдете до целта, но толку сте шармантни што речиси никој тоа нема да го забележи.