РАК

Луѓето родени во овој знак, едноставно обожаваат пари. Па така, сè додека имате пари, можете да бидете сигурни во верноста на партнерот.

Тие се грижат само за нив, а единствено што сакаат повеќе од себе се децата.

БЛИЗНАЦИ

Скоро никој не е способен успешно да изврши неверство како Близнаците. Тие внимаваат на секој детаљ и секој чекор, на секој момент, за да не ги откријат.

Лесно се впуштаат во неверство,а најчесто во тој нивни чин ги вплеткуваат и своите пријатели кои ги прикриваат. Ретко кој успева да ги издвои емоциите и страста како Близнаците.

БИК

Биковите кои сакаат секс, стануваат зависни од него. Или се страсни или се целосно незаинтересирани.

Поголемиот број од нив изневеруваат кога целосно ќе созреат. Сепак, во споредба со другите, Биковите се најверни и со нив сте најсигурни.

ОВЕН

Тие се обидуваат да се воздржат од неверство, но колку и да се трудат, на крајот сепак попуштаат под притисок.

Тие вршат неверство во оној момент кога во врската ќе завладее монотонијата, но исто така лесно се откриваат.

Овните се нескротливи и би требало да ги прифатите како такви.