Секогаш доцна се откриваат – 7 опасни болести кои немаат симптоми

Бидејќи бројот на еритроцитите полека се намалува, се јавуваат суптилни симптоми, како умор кој најчесто го препишуваме на стресниот живот.

За разлика од болестите кои имаат специфичен причинител и препознатливи симптоми, некои состојби имаат знаци, симптоми и медицински проблеми кои ги сметаме за „нормални“. Но, зад нив често се кријат многу подмолни болести.

Некои се очигледни, но некои состојби се развиваат полека, па луѓето обично не забележуваат дека се појавила болеста се’ додека не е предоцна.

Поради тоа многу е важно да се оди редовно на прегледи, па дури и кога чувствуваме мали промени во организмот.

Ниско ниво на витамин Д

Иако можеби нема да забележите дека се случува нешто опасно, ако нивото на витамин Д подолго време е под 30 ng/ml, тоа може да придонесе за развој на болести на срцето, дијабетес, некои видови на рак, како и мултипла скероза.

Витаминот Д помага и во апсорпција на калциумот, па недостигот може лошо да влијае и врз вашите коски.

Пониско ниво од 20 ng/ml може да се смета за дефицит. За среќа, проверката и надокнадата на витамин Д се едноставни. Не бегајте панично од сонцето и вашето тело ќе создаде доволно витамин Ц само од себе.

Ако имате сериозен дефицит, би можеле да го надокнадите со додатоци во исхраната. По неколку месеци повторно проверете ја состојбата.

Хипотиреоза

Штитната жлезда го регулира метаболизмот и низа клучни системи и процеси. При недоволно активна штитна жлезда не се произведува доволно хормони (ТЅН) и телото не функционира како што треба.​

Симптомите на хипотиреоза, како што се умор и нетолеранција на студ, лесно може да се превидат, бидејќи се суптилни и може да се појавуваат постапно.

Успорената штитна жлезда може да доведе до дебелеење, болести на срцето, висок холестерол, неплодност, депресија и оштетени нерви.

Ако се сомневате на ваква состојба, проверете го нивото на TSH во крвта. На редовни прегледи треба да се започне од 35.година, а на контрола секои пет години.

Дијабетес тип 2

Ако вашето тело не произведува доволно инсулин кој ја разградува глукозата, се развива дијабетес. Оваа болест често се јавува постепено бидејќи производството на инсулин се произведува. Дијабетесот може да ги оштети очите, срцето, бубрезите и нервните завршетоци.

Од април 2009. лекарите најмногу го препорачуваат тестот А1С, кој го мери просечното ниво на глукоза во крвните садови.

Ако сте дебели или имате семејна историја на дијабетес, погрижете се првото тестирање да го направите со 45 години.

Зголемен крвен притисок – хипертензија

Поради стареење и ризик како што се семејна историја на болеста и прекумерна телесна тежина, притисокот може да стане превисок. Евентуална компликација вклучува срцев удар, мозочен удар и болести на бубрезите.​

„Како кардиолог знам дека пациентите може да имаат асимптоматска хипертензија со години пред дијагнозата.

Тоа ја нагласува важноста од годишните систематски прегледи, дури и кога се чувствувате здраво“ – вели доктор Мелиса Конг. Имајте на ум дека нормалниот притисок е околу 120(130)/80 mmHg.​

Висок холестерол

Било да е тоа поради лоша исхрана или генетика, зголеменото ниво на лошиот холестерол во крвта може да ги запуши артериите, што доведува до лошпроток на крвта во виталните органи како што срцето и мозокот. На крај, тоа може да предизвика срцев или мозочен удар.

Меѓутоа, високото ниво на холестерол не може да се почувствува. Затоа треба да се оди на редовни прегледи на крвта.

Ако имате висок холестерол, лекарот веројатно ќе ви препорача промена во начинот на исхрана и вежби – како и почетно лекување, а потоа ќе ве испрати на контролен тест. При опасно ниво на холестерол, ќе ви препише лекови.

Фибромиалгија

Фибромиалгијата е хронична состојба и болен синдром кој се карактеризира со болка во мускулите, лигаментите и тетивите, проследено со умор. Карактеристични се и одредени точки во телото кои се многу болни на допир.

Повеќето луѓе чувствуваат умерен до силен умор, имаат пречки во спиењето, чувствителни на допир, светло и звук и имаат когнитивни пречки.

Но, фибромијалгијата е тешко да се дијагностицира бидејќи не постои тест за ова пореметување.

Лекарите доаѓаат до дијагноза откако ќе ги исклучат другите можни болести, така што може да поминат години пред да дознаете за што станува збор. Иако фибромиалгијата не е опасна по живот, тука е трошокот поради недоволна ефикасност и ментален притисок.

Факторите на ризик вклучуваат појава на болеста во семејството, присутност на ревматски или заразни болести (Лајмска болест), некој стресен момент..

Анемија

Бидејќи бројот на еритроцитите полека се намалува, се јавуваат суптилни симптоми, како што е уморот на пример.

Бидејќи црвените крвни зрнца го пренесуваат кислородот, овој недостиг на О2 може да ги оштети органите и да го зголеми ризикот од срцев удар.

Известете го лекарот ако често сте уморни, особено ако имате тешка менструација или цревно пореметување, како Кронова болест или целијакија. Докторот ќе ви ја провери крвта и ќе ви препорача терапија.​

Loading...