Овен
Ќе делувате многу импулсивно и избрзано пред другите, а често и пред себе. Чуствувате дека се околу вас е некако заспано, а вас тоа толку многу ве нервира и ве вади од такт, па можеби и ќе влегувате во поголеми распраии со околината.
Навистина ви е потребен мир, а ако имата шанса за некое деловно патување не ја препуштајте. Доколку сте во можност оддложете го решавањето на некој важен проблем за во друга прилика. Можеби ќе ви се појават компликации, па ќе бидете принудени да реагирате.
Бик
Не сте во можност да одбирате, но потрудете се најбезболно да го поминете овој период. Некои од вас ќе добијат понуда за работно унапредување, но малкумина ќе ја прифатат, или ќе биди малку платена или нема да содејствува со вашите квалитети.
Лесно остварувате деловни успеси, но во овој период ќе се пожалите на истите. Само со упорност и истрајност ќе ги постигнете очекуваните резултати. За големата количина на напнатост делумно ќе бидат причина и професионалните контакти и односите со соработниците.
Близнаци
Ќе имате желба за работа и успешно ќе ги извршувате работните задачи. Внимавајте сликата која ќе ја прикажувате неделава, може кај некои ваши колеги да не предизвика љубомора. Ќе имате многу деловни контакти и разговори и многу од нив ќе бидат усшешно завршени.
Односите со околината ви се подобруваат и ова е добар момент да извршите важни разговори. Настојувајте да бидете брзи и искористете ја секоја прилика која ќе ви се укаже.
Многу ќе ви користи движење, а кратките патувања ќе ви донесат голема корист и ќе ве освежат.
Рак
Ќе имате желба за работа и успешно ќе ги извршувате работните задачи. Внимавајте сликата која ќе ја прикажувате неделава, може кај некои ваши колеги да не предизвика љубомора.
Ќе имате многу деловни контакти и разговори и многу од нив ќе бидат усшешно завршени. Односите со околината ви се подобруваат и ова е добар момент да извршите важни разговори. Настојувајте да бидете брзи и искористете ја секоја прилика која ќе ви се укаже.
Многу ќе ви користи движење, а кратките патувања ќе ви донесат голема корист и ќе ве освежат.
Лав
Моменталната ситуација од вас бара одлучно делување и прилагодување на новите животни прилики и многу брзи реакции.
Во работата вложувате додатен напор, но тоа ќе ви се ислати. Само продолжете со ова темпо. Послушајте ги советите од страна. Во односите со соработиците ќе морате да бидете потрпеливи ако сакате добра соработка.
Пријателите можат да ви подарат пријатни моменти и радост и нема да згрешите ако ги прифатите понудите за поинтензивно дружење со нив.
Девица
И покрај тешкотиите со кои ќе се соочите неделава сепак ќе најдете сила да издржите. Вашите квалитети и потенцијали многу тешко ќе ги изразувате. Ќе бидете премногу чуствителни на се што ќе се случува врз вас.
Внимавајте во работата и обидете се да бидете целосно концентрирани. Не го очекувајте невозможното обидете се да обновите односите со луѓето кои се поврзани со вашите проблеми.
Имате шанси некаде да отпатувате. Искористете го тоа. Контактите со претпоставените ќе ве разочараат, но тоа не треба да ве запира во работата. Бидете поупорни. Ќе поминувате доста време во друштво со пријателите, а тоа добро ќе ви дојде после работа.
Вага
Работните задачи ќе ги извршувате без никакви тешкотии и пречки. Доста разговори со вашите колеги и заедничкото решавање на проблемите ќе ве прави среќни и ќе чувствувате дека повторно сте во шема.
Ако имате намера да инвестирате во недвижнини затоа што сте дошле до поголема количина на пари, а не би сакале да пропаднат, не се залетувајте премногу туку побарајте совет од стручни лица.
Скорпија
Ништо не ќе може да ве изненади неделава. Ќе бидете некако настрана и незаинтересирани за околината. Вашите пријатели ќе помислат дека нешто се случува со вас и ќе сакаат да ви помогнат.
Секако дека нема потреба, тоа е само моментална ситуација која многу брзо ќе мине.
Нема да имате многу слободно време, напорно ќе работите додека другите околу вас гледаат да избегнат секаква работа. Не се занимавајте со неважни работи, бидејќи можете да го запоставите еден доста важен проблем.
Стрелец
Не ја губете силата на работи на кои малку можете да делувате, бидејќи многу ќе се нервирате. Вашите имагинативни можности се нагласени, ќе се занимавате со уметност и работи за кои е неопходна фантазија.
Иако имате многу причини да бидете задоволни сепак нешто не ве остава на мир. Секогаш сакате повеќе иако знаете дека тоа е невозможно. Откриете што. Задлабочете се во проблемот кој ве мачи; концентрацијата и истражувањето ќе ви биде од корист.
Искажете го своето мислење и уверете ги другите во вашите точки на гледиште. Одлично ќе се снаоѓате во комуникациите со поголем број на луѓе. Од околината ќе бидете добро прифатни, а вашите идеи ќе влезат во план за рализација.
Јарец
Ќе мислите на себе и на она што сакате да го постигнете.
Ако не можете да се решите по кој пат да тргнете, добро размислете за последиците и запрашајте се што ќе ви донесе иднината.
Немојте да рескирате, потрудете се да го извлечете максимумот, склопувајте нови пријателства и без срам наметнувајте се на вашата околина. Одлично ви се аспектирани трајните работи кои бараат многу упорност и трпеливост.
Вашата позиција е стабилна, но кога станува збор за амбициозни проекти ќе мора да причекате уште некое време.
Водолија
Ќе бидете оптеретени во текот на целиот период и ќе се чуствувате доста заморно, но не смеете да потклекните на тешкотиите и едноставно пробајте да издржите и да се борите.
Ќе се соочите со финансиски тешкотии, а тоа многу ќе ве загрижува. И покрај големите обврски ќе имате доволно време да размислите за потезите кои порано сте ги имале превземено, но и за нови акции кои би можеле да вродат плод.
Во сето тоа ќе ви биде неопходна поддршката од колегите, а пред се од вашите предпоставени. Во врска со тоа планирајте и службен пат.
Риби
Интензивен период кој ви носи многу збиднувања и напнатост. Ќе бидете доста експлозивни и ќе чувствувате потреба да превземете нешто, да се докажете, но за жал тоа нема да ви оди така лесно.
Отпорите од ваша страна ќе бидат нагласени, па тоа ќе ви донесе судири со околината. Совладајте се и не реагирајте бурно. Само во работата ќе заборавате на лошата ситуација и проблемите кои се присутни. За депресија и немате време бидејќи работата ви е на прво место.
Иако некои луѓе ќе сакаат да ве извадат од колосек, сепак во тоа нема да успеат. Имате предност во извесни ситуации, па искористете ја на најдобар можен начин. Штедете ги парите, но немојте да бидете многу скржави.