Рецепт за крофни кои не ја впиваат маснотијата

Потребни состојки:

– 1 кг брашно

– 2 цели јајца

– 2 жолчки

– 1/2 шолјичка шеќер

– 1 чајна лажичка сол (полна до ивиците)

– 2 ванилин шеќер

– ½ прашок за печиво

– малку рендана кора од лимон

– 1 чајна лажичка ракија

– 100 мл масло

– 500 мл млеко

– 1 коцка свеж квасец

Постапка:

1.Загрејте 100 мл млеко, но не премногу, не смее да биде преврело, па додадете 1 чајна лажичка шеќер и 1 чајна лажичка брашно, промешајте и додадете го свежиот квасец. Оставете да се дигне.

2.Јајцата изматете ги со шеќер и мало лажиче сол додека да добиете пенеста смеса, потоа додадете во брашно помешано со прашок за печиво. Потоа додадете замлачено масло, лажица ракија, измешајте и додадете квасец, па најпосле млако млеко (преостанатите 400 мл кои ви одтанаа после одземените 100 мл за смесата со квасецот)

3.Добиената смеса оставете ја на топло додека да се удвои, потоа префрлете на побрашнета површина и развлечете на дебелина од 1 см.

Со тркалезен калап исечете облици и кога ќе ја искористите целата смеса, оставете ги крофните да стасаат. Потоа свртете ги и на другата страна, повторно да се дигнат.

4.Подлабок сад наполнете со масло и загрејте (маслото треба да биде врели, но никако прегреано, а таквото ќе ве предупреди со создавање на меурчиња). Крофните ставајте ги во загреаното масло и внимавајте првата страна која се дигала да биде свртена кон горе. Намалете го огнот и поклопете со капак, по 2-3 минути тргнете го капакот и свртете ја крофната на другата страна да се пржи, но без покривање на капакот (на овој начин по средината на крофната настанува бела црта баш како кај оригиналните)

5.Шприцот за крем наполнете го со џем и полнете ги крофните откако сте ги ставиле на хартиена салветка.

Совет:

1.Половина кесичка од прашокот за печиво е важно да се додаде, бидејќи тоа спречува создавање на дупчиња во крофните.

2.Малата лажичка ракија што ќе ја додадете во смесата ќе спречи впивање на маснотии, токму како и поволната Т на маслото. Кога ги ставате крофните на пржење внимавајте да не ставате премногу крофни во садот, бидејќи ќе се намали Т на маслото, а крофните нема да се испечат и ќе впијат повеќе масло.

3.За да ви успеат крофните, важно е сите состојки да бидат топли, па дури и брашното, пред да го замесите загрејте го во рерна околу 3 мин на Т од 20 °C.

Loading...