Риби

Бидејќи поголемиот дел од нивниот живот го поминуваат во некаква паралелна реалност каде што владеат сосема поинакви закони, кои им се познати само ним, Рибите многу често стануваат ранливи на секојдневните измами, кои дури и некое мало дете би ги открило.

Тие се најнаивни кога станува збор за понуди за брза заработка, бидејќи токму тоа е она за кое тие цел живот фантазираат.

Овие луѓе не се подготвени целиот свој живот да вложуваат време и труд во банални нешта како што е работата и материјалната сигурност, но од друга страна, парите им се многу потребни. Можеби дури и повеќе отколку на останатите бидејќи апсолутно немаат чувство за штедење.

Лотаријата, слот машините и рулетот се како измислени за нив, како и сите оние работи од дома кои можат да ги извршуваат преку интернет, мислејќи дека животните проблеми и потешкотии можат да се решат со парите заработени од неколку кликови.

Поради своето однесување, тие ги трошат своите тешко заштедени пари на жетони, кредити и поени додека некој друг задоволно ги трие своите раце. Нив им се потребни и по неколку месеци да го сфатат трикот со кој ги мамат, па токму затоа дотогаш ќе ги навлечат и сите свои пријатели на оваа бајка за богатство и лесна заработка.

Вага

Верувале или не, знакот кој најмногу одмерува, ги проучува ситуациите и луѓето, оној на кој му е потребна цела вечност да донесе одлука е и оној знак кој најчесто паѓа на измами. Причината е малку необична, овие луѓе едноставно „касно палат“.

Без разлика од која причина вие ќе чукнете на нивната врата, тие веднаш ќе ви поверуваат во она што ќе го кажете и доколку набрзина ја завршите работата која сте ја намислиле и не им дадете простор да сфатат за што навистина станува збор, вие можете да се извлечете со сè што ќе намислите. Доколку го земете предвид нивното бавно однесување, брзо ќе заклучите дека вагата е идеална „овца за стрижење“.

Тие со тек на време ќе сфатат дека се измамени, но тогаш веќе ќе биде доцна. Нивната способност да навлезат подлабоко во тајните на другите луѓе, само дополнително ќе ги изнервира бидејќи сите овие заклучувања ќе дојдат откако веќе ќе ја направат глупоста.

Тие лесно им веруваат на сите ветувања кои ги поставуваат политичарите, веруваат во сите вести кои ќе се појават онлајн и паѓаат на сите маркетинг трикови на кои ќе налетаат. Додека истражат дополнително и соберат доволно информации за да ја сфатат вистината, штетата веќе ќе биде направена.

Нивниот мозок е премногу зафатен со обработката на различни информации и прашања, што многу често немаат капацитет да размислуваат и за она што во моментот им се случува, па токму затоа знаат да направат лоша проценка и да ја донесат погрешната одлука за која подоцна ќе се каат.

Бик

Тие се осаменици и релативно тешки кога станува збор за односи со други луѓе, па токму затоа нивната осаменост може да биде причина за тие да наседнат на одредена превара.

Кога станува збор за трошење пари, Биковите се многу внимателни за сите оние нешта кои се рекламираат, но доколку налетаат на личност во која гледаат пријател или потенцијален љубовен партнер тие без размислување се расфрлаат со парите.

Заљубениот Бик не прашува колку чини нешто пред да го купи тоа. Тој без проблем ќе позајми и 1.000 евра на личност која ја смета за блиска доколку верува дека со тоа ќе ги реши нејзините проблеми.

Бикот без размислување ќе ви даде пари доколку верува дека имате искрени емоции кон него и доколку љубезно ветите дека ќе му ги вратите парите. Тоа што се познавате многу малку не игра никаква улога во неговата одлука.

Кога личноста која тој ја ценел ќе избега со неговите пари и веќе никогаш нема да му се јави, тој на најтешкиот можен начин ќе сфати дека е измамен.

Сепак Биковите добро учат од искуство, па токму затоа нема да ја повторат истата грешка два пати. Барем тие така мислат. За два пати да наседнат на истата финта, потребно е секоја следна лага да биде обвиена во друго пакување.