Овен

Тешко ги заборава траумите од детството и понижувањата кои ги доживеал од оние кои му значеле и на кои слепо им верувал. Никогаш нема да им прости на луѓето од кои побарал помош, а тие го оставиле да се бори сам. Иако Овенот рано се осамостојува и се бори за своето место под сонцето, таквите рани тешко заздравуваат.

Бик

Дури и кога искрено би сакал, не може да ги заборави дрскоста и безобразниот став на колегите кои немале разбирање тогаш кога најмногу го заслужил. Затоа што љубовта им е подеднакво важна како и кариерата, Биковите тешко се помируваат и дека некоја романса не може да опстои заради далечина. Личноста со која ќе го доживее ова, вечно ќе ја памети.

Близнаци

Еден од најинтелигентните знаци во Зодијакот секогаш делува како никој да не може да го допре, но сепак, имаат своја слаба точка – креативноста.

Ако не ја реализираат онака како што се надевале, никогаш нема да си простат сами на себе или да заборават. На другите може да им простат сè, но преку можностите кои ги пропуштиле, не можат да преминат.

Рак

Романтичните Ракови имаат по најмалку еден момент, ако не и повеќе, кога биле занесени, млади и заљубени, па потоа реалноста ги удрила по глава. Првото љубовно разочарување ги следи низ животот, а секој ден е се потешко, наместо да е обратно.

Раковите посебно ги интересира зошто морало да биде баш така, а не како што тие си замислувале, па затоа овие анализи и враќање на времето им се болна, незаборавна точка.

Лав

Кога Лавот би можел да го поправи поразот на секое поле, многу би му било полесно, затоа што спомените и сеќавањата не му даваат мир. Ако не можел да стане водач и да добие улога на лидер, ќе биде незадоволен до крајот на животот. Тешко заборава неуспех или пропуштената шанса во нешто да биде прв.

Девица

Колку и да се труди, Девицата не може да ја заборави првата љубов, па цел живот и се враќа, без разлика дали во мислите, дали физички ќе преземе нешто. Би и било многу полесно ако не е под постојан притисок на прашањето, што ќе беше, ако направев вака? Иако е практична и рационална, Девицата тешко ги заборава совршените состаноци.

Вага

Вагата никогаш нема да заборави и прости неправда или понижување, и тоа баш тогаш кога била најуспешна. Родените во овој знак се вечни борци, посебно против неправдата, па вкусот на пораз може да ги донесе пред искушение за одмазда.

Уште една работа која никогаш не ја заборава е дека луѓето не се онакви какви што вие ги доживувате и тоа го има почувствувано на своја кожа.

Скорпија

Скорпијата не заборава ниту еден момент во кој била јавно изложена на критика или неправда, заради која се почувствувала непријатно во поголема група на луѓе.

Не сака било кој да ги загрозува нејзините идеали, цели и планови, па ако се обидете – подгответе се за доживотна одмазда. Иако би сакала се да заборави, Скорпијата е можеби најголемото злопамтило во Зодијакот.

Стрелец

Барем еднаш во животот, на Стрелецот му се случило да излезе наивен затоа што направил погрешен чекор и тоа никогаш нема да си го прости или заборави.

Присетувањата на минатото се секогаш тука да го прогонуваат, па од нив ја извлекува лекцијата дека секогаш треба да биде подготвен на најлошото и од секого сè да очекува. Затоа што кога еднаш ќе се изгори од млеко, дува и на јогурт.

Јарец

Јарецот не заборава личности кои искрено ги сакал, а го оставиле. Јарците цел живот ги потхрануваат спомените, се присетува на се што можело да биде и најмногу се кае за зборовите кои не ги изустил.

Гледа романтични филмови, сака да напише цел роман, само за да си ги истури емоциите некаде надвор. Тешко заборава и простува неверства од било каков тип.

Водолија

Водолијата никогаш не ги заборава понижувањата на професионален план, дури и кога делува ноншалантно. Ладнокрвноста е само маска и потсвесно потискање на она што ги боли.

Водолиите се одмаздници, пред се заради повредената суета, па секогаш имаат црна листа со имиња кои ги понижиле. Лажењето во очи е уште една работа која тешко ја забораваат и простуваат.

Риби

Рибите отсекогаш сакале да заблескаат во јавноста, па се каат за секоја пропуштена прилика. Тогаш меланхоличните Риби се повлекуваат во свој свет и анализираат. Лесно ги мешаат фантазиите со реалноста, па ако случајно се осмелите да им го посочите тоа, очекувајте смртно да ви се налутат.