Овен
Овните се полни со ентузијазам и силна волја, и тешко некој може да ги запре. Мразат да чекаат, поради што често влетуваат во авантури, кои на краток или долг рок, не секогаш им чинат добро. Нивната лекомисленост доаѓа на површина со годините. Родените во овој знак најчесто стапуваат во брак од 30-тата година па нагоре.
Бик
За разлика од Овните, тие се многу поприземни. Биковите бараат сигурност и стабилност, а спремни се долго да го чекаат партнерот кој ќе ги исполни нивните очекувања. Како подлога за цврста врска, тие мора најпрво да ја пронајдат среќата во себе. А, кога тоа ќе се случи, ништо нема да им застане на патот до олтарот, при крајот на 20-тите години.
Близнаци
Близнаците се личности со изненадувачки променлив темперамент. Во еден момент се во среќна врска и сѐ им оди како што треба, а веќе во следниот се полни со сомнежи. Но, тоа ќе се промени со годините. Најдобро време за венчавка им е кога ќе почнат да го планираат 35-тиот роденден.
Рак
Родените во знакот на Рак бараат сигурност и се вистински експерти за врски. Брзо им го подаруваат своето срце на другите, а на својата љубов секогаш ѝ остануваат верни. Кон средината на 20-тите, тие веќе се подготвени да застанат на лудиот камен.
Лав
Лавовите се жешки љубовници, па тие ќе се „предадат“ подоцна од останатите. Најдоброто време за стапување во брак им е во 30-тите, или, пак, дури и во 40-тите години од животот.
Девица
Во животот на Девиците, буквално сѐ мора да тече според планираното. За нив, познато е дека мошне рано се мажат или женат. Сепак, подобро би им било малку да почекаат со бракот, при што идеалниот момент е некаде помеѓу 27 и 29 години.
Вага
Вагите се едноставни и некомплицирани суштества. Не се љубители на големи свадбени веселби со многу гости. Попрво ќе ја крунисаат љубовта со партнерот во тесен круг на луѓе, и тоа без никакви проблеми во првата половина од дваесеттите, односно на возраст од 20 до 25 години.
Скорпија
Скорпиите се темпераментни и посесивни. Ако се во врска, го сакаат партнерот само за себе. Поради таквите особини, можно е предвреме да влезат во брачна заедница. Сепак, подобро би им било да се опуштат и си дадат себеси повеќе време, бидејќи за нив средината на 30-тите години е идеалното време за правење свадба.
Стрелец
Стрелците обожаваат да флертуваат и освојуваат. Тешко им е да се впуштат во сериозна врска и да се одат со некого на долги патеки. Пред да одлучат доживотно да се врзат за една личност, родените во овој знак сакаат добро да се изживеат. Кај мнозинството Стрелци, венчавката пред 35-тата година не доаѓа предвид.
Јарец
Како вистински фамилијарни луѓе, Јарците со нетрпение го очекуваат планирањето семејство. Поради тоа, родените во овој знак прилично рано се венчаваат – повеќето на почетокот од 20-тите години.
Водолија
Во споредба со останатите претставници на Зодијакот, родените во овој хороскопски знак најчесто не запливуваат во брачните води. Сакаат и потребна им е слобода. Наместо да се досадуваат дома, тие деноноќно работат на остварување на своите креативни планови, а често и патуваат низ светот. Венчавката на мноштво Водолии ќе им се случи дури во 40-тите или 50-тите години од животот.
Риби
Рибите мразат да бидат сами, па често им попуштаат на своите партнери, многу повеќе одошто треба. Од друга страна, копнеат по идеална, совршена врска. Ако до 26-тата година пронајдат некој со кого сѐ функционира според нивните желби, тогаш им е вистинското време да стават печат на својата љубов.