Овен
Тие знаат сосема ненадејно да одлучат со кого сакаат врска, импулсивно се впуштаат во емотивни односи. Проблемот настанаува во онаа фаза кога првобитната страст со партнерот ќе почне да се гаси…
Доколку не им успее да ја „оживеат“ страста, лесно можат да ја прекинат врската. Нив им е потребно во врската секогаш да чувствуваат силен импулс, желба и односот да им биде динамичен, единставено така може да трае.
Бик
Биковите сакаат долги и сериозни врски од единствена причина – сакаат стабилност и секогаш да знаат на што се. На нив им е многу важно партнерот да им биде верен иако би им било малку здодевно поради тоа…
Доколку во некој момент страста згасне, би ја прекинале врската, но не така лесно, бидејќи не сакаат промени.
Близнаци
Близнаците по карактер се променливи. Сакаат да бида вљубени и сонуваат за љубовта, а од друга страна исто така многу лесно можат да го сменат своето мислење и емоции.
Тие често сакаат да предизвикаат љубомора кај својот партнер флертувајќи со други, само за да се поиграат малку. На нив им е важно врската да им е интересна и со партнерот да имаат добра комуникација. Ако од тоа нешто недостасува, лесно можат да ве заменат…
Рак
Ракот е еден од нај емотивните знаци, но исто така знаат да бидат и по малку подмолни.
Тие се едни од нај идеалните кандидати за сериозна врска, бидејќи сакаат емотивна сигурност. Меѓутоа исто така можат долго да патат и страдаат во лоша врска бидејќи не знаат да раскинат.
Лав
Лавовите имаат силно и огнено срце поради кое се во состојба да сакаат до сржта. Меѓутоа, пред да ја најдат „вистинската“ личност можат да имаат повеќе различни врски и да бидат прилично промискуитетни.
Кога навистина ќе се заљубат, тогаш некое време размислуваат за следниот чекор бидејќи длабоко во душата се плашат да не направат грешка ако премногу се врзат. Кога Лавот сака нешто сериозно, тој тоа јасно и ќе ви го покаже.
Девица
Девиците се многу променливи… Всушност сакаат емотивна стабилност, сакаат да имаат сериозна врска, но ако случајно направат погрешна проценка и кај партнерот забележат многу ситници кои им пречат, лесно можат да го заменат.
Иако однадвор изгледа како покажуваат љубов и им удоволуваат на другите, овој знак на прво место си угодува на себе си. Ќе останат во сериозна врска се додека тоа на нив им одговара.
Вага
Вагите настојуваат секогаш да имаат партнер. Не ја сакаат самотијата. Лесно влегуваат во нови врски. Сакаат да им се додворувате, а ќе ве сакаат и ќе бидат со вас се додека имаат доволно причина да го хранат своето его.
Тие се одлични кандидати за сериозна врска бидејќи сакаат д бидат емотивно стабилни, но пред да го дефинирате односот со нив ќе имате многу епзоди во кој со вас ќе се играаат во познатата љубовна игра -„топло- ладно“.
Шкорпија
Шкорпиите се многу верни кога искрено сакаат, го даваат својот максимум и секоја своја емоција ја вложуваат во таа врска. Се обидуваат да бидат верни и во тоа успеваат се додека се искрено заљубени. Кога ќе откријат лага или измама не простуваат туку се одмаздуваат. Не е лесно да се биде во сериозна врска со Шкорпија, бидејќи сакаат да имаат се под контрола, па и Вас.
Стрелец
Секако, ова е знак со кој најтешко може да се оствари сериозна врска. Тие тоа го сакаат и сметаат дека умеат, но само во теорија… Во пракса ги фаќа нервоза кога ќе помислат на тоа дека мора да бидат само со една личност. Не сакаат монотонија. Со нив можете да правите сериозни планови единствено ако имате доволно разбирање за повремени избувнувања и караници.
Јарец
И тие сакат сериозна врска. Кај нив сè треба да биде строго по правило, кога своите емоции ги даваат на една особа не очекуваат ништо помалку од тоа за возврат. Одлични се во брак, посветени се и семејството им е важно.
Водолија
Водолијата малку потешко ќе ја доведете до одлука со вас да биде во сериозна врска. Меѓутоа, ако во тоа успеете треба да имате на ум дека на нив пријателството им е на прво место. Ако сакате да бидете со Водолија на подолги стази треба да научите првенствено да бидете пријатели, а дури потоа љубовници. Исто така потребно е да го толерирате нивниот егоцентричен карактер.
Риби
Рибите можат многу лесно и непромислено да влезт во сериозна врска сè додека ги чувствуваат пеперутките во стомакот и додека имаат илузии за саканата личност. Тие се прави романтичари и важно им е да им се посветува доволно внимание.
Ако почувствуваат дека сте ги запоставиле нивните емотивни потреби или сте им го одземале основното право на уметничката слобода, врската од рај лесно може да стане прав пекол.