Овен
Од кога ќе го анализирате постигнатото, ќе продолжите да ја развивате се поголемата професионална иднина. Остана уште малку време да се привршат подготвките. Оваа недела тие нема да бидат потполно готови. За тоа не треба да се нервирате.
Мали фрустрации кои ќе ги компензирате на други влијателни подрачја од животот. Многу накратко ќе побегнете во својата работа или во друштво со пријателите, но помеѓу вас и партнерот се е во ред. Не се замарајте со неважни работи.
Бик
Понекогаш мислите дека околу вас има премногу луѓе со кои морате да комуницирате, а вие најрадо би работеле сами. Размислите што вистински сакате и што можете да работите, па најдете ја златната средиина. Понекогаш се потребни компромиси.
Едно е сигурно, доготрајни разговори со партнерот. Но тоа не значи дека на тој начин ќе ја зголемите блискоста со партнерот. Ќе бидат многу различни теми за разговор, но сето тоа ќе изгледа како гребење по површината. Висинските чувства се уште не се искажани.
Шетањето мора да ви стане начин на живеење.
Близнаци
Вашето влијание на работа ќе се базира на вашата инвентивност и професионалност. Овие денови се уште ќе чекате на некој одговор од кругот на стручни лица кои можат да влијаат на понатамошен развој на работата, но важно е дека се е под контрола и добро се развива.
Најдобро ќе се чувствувате дома, каде што опуштено ќе се чувствувате со личноста што ја сакате. Некои пак ќе сакаат да бидат во друштво со пријателите. Повремено ќе посакате малку повеќе страст , но засега тоа не ви оди.
Рак
Во вашата работна средина ќе се појават нови соработници, од друга средина. Вие ќе им покажувате како најдобро да се приспособат на работните задачи. Ќе бидете полни со добри намери и добри совети.
Збунети сте заради вашата потреба за сигурност. На тоа брзо ќе заборавите. Ќе имате чувство дека сте поврзани со целиот свет и тоа на вас ќе делува мотивирачки. Личните односи ќе се развиваат одлично. Уживајте во животот.
Лав
Ќе бидете спремни да им помогнете на колегите во секој момент преку ваш грб. Понекогаш ќе морате да се снајдете со тоа што го имате и знаете. За вас тоа нема да биде проблем, но вашето знаење ќе им биде потребно итекако на колегите.
Во вашиот љубовен живот, овие денови ќе бидете опушени и отворени. Спремни сте да им верувате на другите што ќе ви се врати на најдобар можен начин. Не само вие што ќе имате доверба во вашиот партнер, туку ќе биде и обратно, а тоа навистина е многу.
Девица
Ќе имате некои мали недоразбирања на работа, а резултатот ќе зависи од спремноста на сите за подобра соработка. Исто така, ќе треба малку повеќе трпение во работата. Од вас зависи како ќе се носите со поставените задачи.
Вашиот шарм и способноста на прилагодување, ќе направат да многумина ќе посакаат да бидат во ваше друштво. Некои од вас ќе се претворат во вистински забавувачи. Излагањата нема да ви недостасуваат.
Вага
Излезете и во пресрет на една личност на работа, која не знае како да го сработи зададеното. Бидете оворени и кооперативни, бидеји се работи за заеднички резултати кои подоцна ќе дојдат. Благодарноста која ќе следи, ќе ви биде нов мотив за понатамошна работа .
Љубезноста со која зрачите ќе ги привлекува дури и тие кои не ве сакаат. Ако барате сродна душа и се уште сте сами, потпрете се само на вашиот шарм. Па дури ако во почетокот и не оди се како треба, работите ќе се одвиваат во ваша корист. Занимавајте се со спорт.
Скорпија
Ќе имате повеќе работа, посебно повеќе помали работни задачи. Понекогаш од толку многу работа не ќе можете да се одморите, но ќе ве мотивираат колегите кои исто така ќе работат со полна пареа а функционираат подобро од вас.
Ќе уживате во сосема обични работи и без големи љубовни амбиции. Ова ќе донесе релаксираност во врската каква не очекувавте. Така ќе се посветите еден на друг на нов начин. Можни се проблеми со дигестивниот тракт.
Стрелец
Се трудите колку што може повеќе да ја искористите шансата пред вас. Некои поради тоа ќе работат и прекувремено. Ќе има и такви кои ќе бидат повикани да се јават на работа и за време на викендот заради работа на некој проект и да ја спасат целата работа.
Иако вашата врска добро напредува, во душата се чувствувате неисполнети. Некои парови дури ќе ја препознаат големата дистанцата во врската. Воздржете се од коментари. Чекајте, ќе помине.
Jарец
Повеќето планови кои ги имавте за овој период нема лесно да се исполнуваат, ако воопшто и можат. Вие без планирање не умеете да живеете, се мора прво да смислите и ако е возможно и да одите со години понапед, а со самото тоа и разочарувањата се неизбежни. Невозможно е се предходно да испланирате и затоа ќе имате уште една лекција од школото за иднината. Во секој случај материјалната сосотојба се подобрува.
На емотивното поле нема да имате скоро никакви случувања.
Водолија
Разговорите и договорите се одлагаат, но на крај се ќе излезе во ваша корист и ќе бидете многу задоволни. Вашите идеи се премногу смели и за вашите претпоставени и тие не сакаат да ги спроведат во дело. За нив тоа е нереално. Потрудетете се да преку пријателите или претпоставените ги презентирате вашите идеи затоа што успехот од таму ќе доде. Значи – трпение. Ви следи патување во странство.
Добар е перодот за комуникација со партнерот и ве води кон љубов и разбирање.
Риби
Во секој од наредните денови околку вас ќе има сомнителни луѓе, што ви создаваат чувство на несигурност. Луѓето ќе бидат такви не заради вас, туку такви се генерално а вие на нив се лепите како на магнет. Време е некои луѓе да ги исфрлите од вашиот деловен круг.
Во љубовниот живот слична ситуација, слични сомневања во партнерот а дел и заради вашите замислени стравови. Потребно ви е да се осамите и да го пронајдете во себе тоа што ве прави среќни, а да не е поврзано со другите луѓе.