ДАЛИ ЧУВСТВУВАТЕ НЕКОИ ОД СЛЕДНИВЕ СИМПТОМИ:

-анксиозност

-период на хиперактивност

-потешкотии со заспивање

-површен и краток сон?

Набројаните симптоми можат да бидат невролошки последици поради недостиг на магнезиум. Магнезиумот е неопходен за нормална нервна проводливост и електронски баланс во нервниот систем. Нискиот магнезиум е поврзан и со промените на личноста а некогаш и со депресија.

ДАЛИ ЧУВСТВУВАТЕ НЕШТО ОД НАВЕДЕНОТО:

-Болни спазми на мускулите?

-грчеви во мускулите?

-болки во мускулите?

-неволни грчења на мимичните мускули од лицето?

-“играње” на окото или неволни движења на очните јаболка?

Невромускулните симптоми како што се овие, може да бидат последица од дефицит на магнезиум. Присуството на магнезиум е неопходно за да дојде до релаксирање на мускулите. Според тоа, дефицитот на истиот доведува до спазми.

Доколку на повеќето претходни прашања одговоривте со да, а имате повеќе од 35 години:

Повозрасните лица се особено подложни на ниски вредности на магнезиум. Покажано е дека стреењето, стресот и болестите – заедно придонесуваат за зголемени потреби од магнезиум, а покрај тоа, повеќето постари лица внесуваат многу помалку магнезиум отколку во младоста.

Самиот метаболизам на магнезиумот ослабува кај старата популација поради промените во дигестивниот тракт и бубрезите, при што се намалува апсорпцијата и реапсорпцијата на магнезиумот.