Овен – Една половина од вашето срце сака да ја пушти личноста која ја сакате да си оди, другата половина не ве слуша. Кога ќе погледнете колку долго трчате во круг, станувате фрустрирани сами на себе. Вашето срце сака едно, а главата ви вели нешто сосема друго. Не треба никој да ви каже да ја пуштите саканата личност да замине, зошто на крајот самите ќе станете свесни за тоа. Знаете што заслужувате, а тоа не е некој кој ве завлекува.
Бик – Можеби сте малку збунети во последно време. Не знаете дали сте на вистинскиот пат, а и сосема е во ред да сте малку збунети. Не дозволувајте стравот од пораз да ве натера да се откажете, затоа што најтешкиот пат некогаш води до вистинските работи. Можеби следните 4 месеци нема да бидат лесно за вас, но наградата која ве очекува на крајот е вредна за да издржите.
хороскоп
Близнаци – Вашиот пат е тежок речиси цела година. Кариерата се менува, врските се менуваат, животните промени ве исплашија…Сето ова ќе ви се исплати, можеби низ врска која ве очекува на крајот од годината, а можеби и во спознавањето на самите себе.
Рак – Ако некој ве праша да му ја опишете 2019 година до сега, вие нема да знаете како тоа да го направите. Како сте успеале да ја преживеете годината која ви изгледа како најлоша до сега во животот? Но ветуваме дека се ќе тргне на подобро. Тоа што лошо почнала не мора да значи дека ќе се заврши како најлоша година. Оваа зима е вашето време за успех и среќа.
Лав – Вие први бегате од врски чувства. Излегување и запознавање, врски? Ништо од тоа не ви е потребно. Во 2020 година само сакате се да ве одминува и просто се воодушевувате самите на себе како тоа досега не убивте никој. Но студот, темницата влажноста која со себе ја носи зимата е и времето кога најдобро ќе се чувствувате. Смејте им се на сопствените шеги и љубовта ќе дојде во вашиот живот и ќе остане и наспроти тоа што вие не ја сакате.
Девица – Направивте голем чекор во кариерата и ќе продолжите да блескате. Ќе ви биде потребни малку време да сфатите дека треба да бидете горди на себе поради тоа што не сте се откажале од вашите соништа. Срцето сте го подариле на личност која не била подготвена да ви излезе во пресрет и поради неа многу жртвувавте. До крајот на годината или таа личност ќе мора повеќе да се вложи или вие ќе одлучите да ја прекинете таа игра. Запомнете вие сте вредни зошто играте со отворени карти.
Вага – Знаеме колку бевте повредени во последно време. Вашата рана е толку длабока што ќе ви биде потребно време да зацели. Но токму кога ќе помислите дека сте направиле чекор напред вие тонете уште подлабоко. Во ред е да се чувствувате така како што се чувствувате. Колку и да мислите дека љубовта сега би ви помогнала, тоа што најмногу би ве зацелило не е некој со кој би спиеле туку и некој со кој би поминувале слободно време.
Шкорпија – Вие сте некој кој секогаш бил попаметен од срцето и работите ги гледате поинаку од вашите врсници. Секогаш сте биле волк самотник кој сам се бори на патот кон целта. Еден ден до крајот на годината, вашиот пат ќе се вкрсти со некој кој го дели вашето мислење, размислува слично како и вие и ги има сите квалитети кои ви се потребни. Секогаш сте играле на сигурно, но бидете подготвени оваа личност да ве наведе на некакви промени.
Стрелец – Веќе извесно време се држите за стара љубов и се надевате дека таа ќе се врати, дека ќе сфати дека се уште ве сака. Затоа што вие во суштина никогаш не сте прекинале да ја сакате таа личност иако не сте во контакт веќе извесно време. Вистина е дека вие не заслужувате некој кој ќе ве остави и повреди, туку некој кој ќе смета дека вие сте најдоброто нешто што му се случило во животот. Тоа можеби нема да се случи до крајот на годината, но немојте да губите надеж и верувајте во тоа зошто ве очекуваа голем позитивен пресврт на љубовниот план.
Јарец – Среќни сте што ја пронајдовте љубовта во вашиот живот. Некој кој на прв поглед делува груб, нов вие го сакате со целото срце. Како двојка ќе се соочите со некакви препреки. Дали врската ќе продолжи или ќе го направите следниот чекор? Прашајте се што навистина сакате и дали е тоа личноста со која сакате да продолжите до крајот на животот.
Водолија – До крајот на годината вашето минато се враќа да ве прогонува. Без оглед дали се во прашање вашите поранешни љубови или само личности со кои сте имале краток флерт. Додека ве набљудуваат како сте позрели и помудри, ќе се прашуваат само каде сте згрешиле во вашата врска. Немојте да дозволите туѓото мислење да влијае на вашиот напредок и однесување. Обидете се да ги балансирате работите, но имајте на ум дека секој кој ви го враќа минатото само сака да ви ја замагли светлата иднина.
Риби – Конечно сте подготвени да се збогувате со минатото и побарате љубов каква што заслужувате. Тоа нема да биде некој кој ќе ве завлекува и ве наведува да се преиспитувате, се што некогаш на некого сте му дале ќе ви се врати. Но бидете свесни дека кога луѓето ќе ве видат среќни и насмеани ќе прават се да ви го вратат минатото и да ви ја поматат радоста и среќата.