Водолија

На работното место ве очекуваат проблеми. Конфликт кој веќе долго време стои меѓу вас и вашиот претпоставен ќе дојде до својата кулминација.

Наспроти тоа ќе добиете пофалби од луѓето кои умеат да го ценат вашето залагање и лојалност.

Карактеристично за неделава е тоа што ви се одлично аспектирани комуникациите, па поради тоа ќе чуствувате и помала напнатост.

И понатаму мора да се чувате од расправии, во работите поврзани со пари и понатаму ве пратат потешкотии, па би било добро да ги избегнувате сите активности поврзани со поголеми суми. Ако работите со странство бидете посебно внимателни да не доживеете загуби.

Стрелец

Состојбата ви е доста напната. Се повеќе луѓе од околината кај вас предизвикуваат отпор и нетрпеливост.

Избегнувајте поголеми друштва и собири, а стеснете го кругот на луѓе со кои работите. Луѓето кои ве опкружуваат не ви се наклонети, а настојуваат да ве оневозможат на било кој начин.

Ќе се занимавате со семејни прашања и превирања. Ќе се нервирате поради односите со вашите домашни и не ќе можете да им докажете некои основни работи за кои мислите дека не се во право.

Тешко ќе ви оди средувањето на станот или некои други домашни обврски, а со гостите едноставно ќе бидете нељубезни особено со ненајавените. Ви треба релаксација.

Време е да си посветите време лично за себе и да се релаксирате од работата. Не го запоставувајте вашето хоби.

Овен

Проблемите од минатата недела премногу ве затворија во себе, па така неделава ќе сакате да се повлечете во себе се додека на некои од нив не им дојде крајот.

Вашите идеали ве доведоа во незавидна положба, па сега преиспитувате дали да ги менувате нив или да вложите дополнителни напори за да ги достигнете.

Односите со околината ви се доста нестабилни и крајно е време да се обидете да ја поправите таквата ситуација.

Нависитна во моментот треба да бидете потолерантни, а влегувањето во расправии без причина само може уште повеќе да ги разниша односите со соработниците.