Овен

Обврските на работното место нема да ви се намалат до следната работна недела, но уште во средината на периодот ќе се види резултатот од неуморната работа во последните месеци. Многу важно е да успеете да привлечете на своја страна луѓе кои би можеле да ви бидат од корист во иднината на професионалниот развој. Изразете ја својата позиција, но бидете и добар слушател. За околината е важно нивното мислење да биде слушнато.

На личен план ве очекува серија од позитивни емоции. Средбата со пријателите кон крајот на неделава ќе ве натера да се опуштите и да заборавите на службените проблеми. Деновите пред викендот се погодни за планирање на некој настан или свадба. Оние пак кои не се во врска ќе имаат шанса за нови познанства, а веројатноста флертот да прерасне во сериозна врска е многу голема.

Бик

Незаинтересираноста и фрустрациите сè повеќе ќе го оптоваруваат вашиот љубовен живот. Битно е да останете трпеливи и да имате на ум дека сè е од минлив карактер. Затоа одржувајте го мирот во врската додека да помине бурниот период.

Љубовните проблеми внимавајте да се прелеат и на вашето професионално ангажирање. Продолжувате да развивате сè подобра кариера, иако тоа што го планиравте за оваа недела, нема да се оствари. Тоа нека не ве разочарува, зашто работите и онака се развиваат во позитивна насока.

Близнаци

Нови одредби ќе ви ги расипат службените планови во новата недела. Уште во почетокот на периодот ќе треба да имате трпение и дисциплина за да успеете да се справува со предизвиците. Не инвестирајте во премногу големи суми во бизнис за кој не сте сигурни дека ќе има добивка.

Ви претстојат средби со позитивни луѓе кои ќе ве натераат да погледнете од друг агол на проблемите кои ги имате во вашиот личен живот. Бидете трпеливи во комуникацијата со саканaта личност и не дозволувајте доминација и надмудрување.

Рак

Обрнете внимание на интересните идеи кои ви овозможуваат професионален напредок или усовршување. Нема причина да се задржувате на остварените цели и да се задоволите со моментните резултати. Доколку премногу се олабавите и работите сами заземат одреден тек, некој друг може да ја заземе вашата положба. Чувствувате нов импулс на радост и задоволство во близина на саканото лице. Со својата појава или стил на изразување, привлекувате големо внимание и влијаете шармантно на светот околу себе.

Пријатни моменти ве чекаат со партнерот ако преземете иницијатива. Искористете ги следните денови да им подарите на саканите незаборавни моменти. Добро е да помислите и за посериозно поврзување.

Лав

Искористете ја оваа недела за да ги испланирате добро новите проекти со кои сте се зафатиле на работа. Ви претстои реализирање на некој стар план, кој бара повеќе напори. Ова сепак не треба да ви пречи – вие сте амбициозни и упорни ст, што е предуслов за успех, па дуру и во подоцнежна фаза. Иако финансиската состојба ви е стабилна, не трошете лесно.

Семеен спор во почетокот на неделава ќе ве натера да се преиспитате за своето однесување. Бидете трпеливи и не дозволувајте на гневот да го победи здравиот разум. Искористете ги предностите на слободното време што останува и планирајте ги идните активности.

Девица

Малите проблеми во приватниот и во љубовниот живот ќе бидат ублажени со позитивните влијанија од другите области од вашата секојдневна преокупација. Многумина емотивните проблеми ќе ги решаваат на тој начин што ќе се свртат кон работните обврски или кон пријателите. Во такво друштво ќе останат додека не наидат на некоја атрактивна можност за поблизок емотивен однос.

На работа ќе имате мали проблеми во комуникацијата со колегите и со претпоставените, но и на тоа поле со леснотија ќе се справите и ќе излезете накрај. Ќе покажете дека сте дораснати на задачите, а на многумина ќе им служите и како пример.

Вага

Во текот на оваа недела ќе имате недостаток на мотивација. За среќа периодот нема да биде премногу строг на професионален план. Пазете се од колегите кои непотребно ќе ви го одвлекуваат вниманието. Оние кои развиваат сопствен бизнис, можат да очекуваат интересен предлог. Сепак, овие денови не се најсоодветни за потпишување на нови договори.

Обрнете внимание на малите нешта кои ве прават среќни. Посвете ја секоја слободна минута на своето семејство и не се плашете да кажете што сакате. Средба со стар пријател ќе ве натера да доживеете носталгија по минатото.

Шкорпија

Успехот на работното место ви ќе зависи од правилните решенија кои ги преземате. Погледнете на ситуацијата сериозно и ако е потребно побарајте помош од искусна личност. Важно е решението што ќе го изберете да биде добро обмислено за да не се покаете. Игнорирајте го секој кој се обидува да ви се меша во работата.

На личен план ви очекуваат возбудливи и романтични моменти во следните седум дена. Извлечете максимум од викендот, за да поминувате повеќе време со најблиските. Кај некои од семејните Шкорпии можно е да се појави љубомора, која ако е неоснована е во состојба да ви го уништи расположението.

Стрелец

На повидок се нови професионални обврски и дилеми кои бараат дополнителен ангажман. Бидете внимателни во комуникацијата со професионалните партнери, бидејќи погрешно протолкуваните информации или неразбирањето на правилата во работењето можат да причинат различни компликации. Побарајте нечиј совет при финансиските проценки. Имате впечаток дека саканото лице нешто крие, што дополнително влијае на вашата емотивна несигурност или нервоза. Понекогаш сами смислувате свои проблеми.

Искористете ги предностите на викендите за да направите баланс во врската. Вашиот партнер не може да чита мисли. Објаснете кои се вашите очекувања и со заеднички напори обидете се да ги надмине проблемите.

Јарец

Енергични сте и исполнети со желба за работа , а тоа нема како да не биде оценето од претпоставените. Можно е дури да се добие предлог за нова дополнителна работа. На крајот на периодот ќе бидете воодушевени од неочекувана парична добивка.

Постојаната посветеност дури и во викендите може да стане причина за конфликт со саканата личност. Обидете се да одвоите повеќе време за средби со пријателите и семејството на патувања. Ако имате намера да се впуштите во нова врска, не се двоумете да го направите првиот чекор.

Водолија

Општо земено новата недела ќе биде опуштено на професионален план. Ќе добиете шанса да ја подновите својата работа по стар проект кој поради една или друга причина сте го “замразиле”. Немате причина да го сопрете повторно, бидејќи ќе добиете финансиска поддршка. Пазете се од конкурентите, кои ќе се обидат да ве одиграат.

На личен план седмицата ќе биде одбележана со нежност и романтика. Односот на партнерот ќе ве натера да се чувствувате сакани и посакувани, а тоа несомнено ќе се одрази на вашето целокупно расположение. Средби исполнети со пријатни емоции ги очекуваат и самите претставници на зодијачкиот знак.

Риби

Рибите ќе бидат исполнети со енергија во текот на новата недела, а нивната главна цел ќе биде да ги зголемат своите приходи. Ако веќе сте се обиделе да ја стабилизирате финансиската состојба и не сте успеале, немате причина да не го направите тоа повторно. Подгответе си добри аргументи пред да пристапите кон преговори и потпишување на договори.

На љубовен план ве очекуваат незаборавни моменти – оние во врска нека помислат како да го изненадат својот партнер, а неврзаните да очекуваат ново запознавање.