Освежителна јогурт салата за 10 минути готова, за мене е најдобра! Многу ја сакаме дома и често ја приготвувам, некогаш како салата, а некогаш како главно јадење.
Потребни состојки:
500 г тестенини
150 г кашкавал
200 г шунка
2-3 варени моркови
15 кисели краставички
1 црвена пиперка или печена црвена пиперка
1-1,5 литар јогурт
200 г мајонез
Постапка:
Во зовриена вода со малку сол и масло сварете ги тестенините според упатството. Потоа исплакнете ги со ладна вода во цедалка.
Додајте им малку масло или растопен путер и промешајте убаво да се намастат рамномерно, па оставете да изладат.
Кашкавалот, шунката, варените моркови, краставичките и пиперката – сите исечкајте ги на коцкички, па додадете ги во изладените тестенини.
Потоа додадете еден литар јогурт и мајонез, па убаво промешајте за да се соедини смесата. Затоа е најдобро да користите големо длабоко тенџере или соодветен сад.
Оставете во фрижидер до следниот ден. Тестенините ќе го впијат јогуртот, па доколку ви се чини дека станало суво, додајте уште 500 мл јогурт или по потреба.
Салатата сервирајте ја во соодветни чинии, а одозгора по желба наросете рендан кашкавал. Од оваа смеса мене ми излегоа четири мали чинии и една поголема.