ЈАНУАРИ

Жените родени во овој месец се сериозни, конзервативни, но и многу амбициозни. Тие сакаат да критикуваат. Ретко успева некој да ги извади од кожа. Не обожаваат да ги покажуваат своите чувства, па затоа не очекувајте да ви се умилкуваат.

Дозволуваат да им се приближат само луѓе за кои сметаат дека се на исто интелектуално ниво и кои ги споделуваат нивните погледи на животот.

ФЕВРУАРИ

Овие жени имаат апстрактно размислување и не секој може да ги разбере нив. Тие многу често го менуваат расположението, а тоа значи дека кон нив треба да се однесувате со трпение.

Од друга страна пак, се многу романтични. За саканиот човек би направиле буквало сѐ, а најважно е тој да им возврати со иста мера. Луѓето што ќе ја изневерат, никогаш повеќе нема да ја видат.

МАРТ

Тие се многу симпатични, само додека некој не ги налути. Во таков случај се во состојба да „срушат“ се пред себе. Посветени се и верни, а да се живее со ваква жена е вистинско задоволство. Само вистинскиот маж ќе го согледа и цени тоа.

За нив е типична силната харизма и шарм со кој привлекуваат. Тие многу тешко се вљубуваат, бидејќи кај нив не поминуваат машките трикови како кај другите жени.

АПРИЛ

Жените родени во овој месец се дипломати, со нив лесно се комуницира, а понекогаш знаат да се самосожалуваат.

Токму затоа треба да им посветувате повеќе внимание. Во голем дел од нив се крие голема љубомора, но ако ја добиете нејзината доверба, таа ќе ве направи најсреќниот маж на планетата. Не ја отвара душата пред сите, само пред оние кои заслужуваат.

МАЈ

Овие жени се многу упорни и верни до крај на своите принципи. Во физичка смисла, тие се многу убави, но во комбинација со тешкиот карактер, опасни се за секој маж кој ќе се вљуби во нив. Мажите ги паметат овие жени засекогаш!

ЈУНИ

Во јуни се родени љубопитни, креативни и комуникативни девојки кои немаат влакна на јазикот и често ги повредуваат останатите. Тие сметаат дека е подобро вистината да е каже во очи, отколку зад грб. Во љубовта се многу опасни играчи, а со мажите си играат како со играчка.

ЈУЛИ

Овие девојки се многу мистериозни и не дозволуваат секој да им се приближи. Освен тоа многу се чесни, а ретко се фалат, без разлика што се многу интелигентни, убави и на повисоко ниво од останатите. Не сакаат да се расправаат и се љубезни со сите, а често страдаат по минатото. Ако оваа жена се вљуби во вас, најголемата грешка ќе ви биде ако ја изневерите. Ќе тагувате по неа, но ќе ја изгубите засекогаш.

АВГУСТ

Овие жени имаат големо срце, но и егоизам. Не си играјте со нив, зошто порано или подоцна тие стануваат победник во секоја игра. По природа се весели и имаат неверојатно чувство за хумор, но не дозволуваат никој да им се качи на глава.

Сакаат да бидат во центарот на вниманието, а никогаш не страдаат од недостаток на машко внимание. Мажите губат глава во нивно присуство.

СЕПТЕМВРИ

Мили, дисциплинирани, или во целост прекрасни девојки се родените во септември. Никогаш не му простуваат на оној што ќе ги изневери.

Сакаат долги врски, и не се девојки за една ноќ. Од друга страна се многу критични кон партнерот и бараат од него да ги исполнува сите нивни барања. Ќе ја освои само оној маж што ќе се докаже пред неа. Умот не ѝ дозволува да направи грешка, дури и кога срцето сака.

ОКТОМВРИ

Од една страна, жените родени во месец октмоври се покажуваат сила и независност, но од друга страна се многу емотивни. Ретко плачат пред други луѓе, но кога се сами, си ја отвораат душата и она што го кријат од светот.

Тие се особено интелигентни и знаат дека не е добро да си ја разголиш душата пред сите, знаејќи дека луѓето се злобни и знаат да злоупотребат со тоа. Овие жени можат да ги покорат и најсилните карактери. Другите жени често ги мразат бидејќи им завидуваат.

НОЕМВРИ

Дамата родена во овој месец секогаш е еден чекор напред пред сите останати. Уште веднаш знаат да ги прочитаат луѓето и ја препознаваат лагата од километри. Со овие жени не можете да си играте бидејќи ќе го извлечете подебелиот крај.

Штом го освојат срцето на некој маж, засекогаш оставаат трага и белег во него. Најважно од сѐ за овие жени е да запомнете дека ако не сте подготвени да ја слушнете вистината, никогаш не ги прашувајте за мислење.

ДЕКЕМВРИ

Зимските девојки, односно родените во декември нетрпеливи, премногу брзи, но пак родени со многу среќа. Секогаш наоѓаат начин како да излезат од било која ситуација како победници. Со нив е многу забавно, бидејќи знаат како да ви го подигнат расположението.

Вообичаено, потребни им се само неколку минути за да ве освојат. Имаат големо срце, луѓето понекогаш ги повредуваат, но на крај секој го добива заслуженото