Home закуска Заборавете на пржените тиквички: Овој рецепт од рерна дава крцкава кора и...

Заборавете на пржените тиквички: Овој рецепт од рерна дава крцкава кора и совршен вкус

похувани тиквички од рерна

Тиквички од рерна со пченкарно брашно – крцкави однадвор, меки однатре и неверојатно вкусни

Тиквичките се меѓу најбараните сезонски намирници, а кога ќе се подготват на овој начин добиваат крцкава кора, богат вкус и неодолива арома.

Овој едноставен рецепт е одличен избор за лесен семеен ручек, брза вечера или вкусен прилог покрај месо и салата.

Наместо пржење во многу масло, тиквичките се печат во рерна, што ги прави полесна и попрактична опција за секојдневното мени, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

* 2 тиквички (околу 200 г секоја)
* сол по вкус
* 3 лажици пченкарно брашно
* 3 лажици бело брашно
* 3 јајца
* 80 г рендан кашкавал
* малку масло за премачкување
* сусам по желба

тиквички исечени на ленти

Постапка:

Измијте ги тиквичките и исечете ги на подолги ленти. Посолете ги и оставете ги да отстојат околу 10 минути.

Во една чинија измешајте ги пченкарното брашно, белото брашно и малку сол.

Во друга чинија со виљушка изматете ги јајцата со малку сол, па додајте го ренданиот кашкавал и соединете добро.

<

Плехот обложете го со хартија за печење и премачкајте ја со тенок слој масло.

Секоја лента тиквичка најпрво валајте ја во мешавината од брашно, потоа во јајцата со кашкавал, па повторно во брашно и уште еднаш во јајцата.

Редете ги тиквичките во подготвениот плех. Одозгора посипете уште малку рендан кашкавал, а по желба и сусам.

Печете во претходно загреана рерна на 220 степени околу 20 до 25 минути или додека добијат убава златна боја и крцкава кора.

Послужете ги топли со цврст јогурт (или кисела павлака), свежа салата или како вкусен прилог со главното јадење.

Корисен совет

За уште подобар резултат, пред панирањето лесно избришете ја вишокот течност што ќе ја пуштат тиквичките. Така кората ќе биде покрцкава, а внатрешноста ќе остане сочна и мека.

Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ: