Home ТЕСТО Печени крофни без пржење: едноставен трик за мек и сочен десерт дома

Печени крофни без пржење: едноставен трик за мек и сочен десерт дома

печени крофни од рерна

Меки печени крофни со џем – без пржење, лесен домашен рецепт со совршен резултат

Ако барате здравa алтернатива на класичните крофни, овој рецепт за печени крофни без пржење ќе ве воодушеви. Тестото е меко како памук, а филот од џем дава совршена сочност.

Подготовката е едноставна, без специјална опрема, што го прави идеален избор за појадок, десерт или домашно уживање со семејството.

Овој метод станува сè попопуларен кај љубителите на домашни рецепти, здрави десерти и печење во рерна, бидејќи комбинира вкус и практичност, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

печени крофни од рернапечени крофни од рерна

Потребни состојки

За тестото:
• 1 јајце
• 300 мл топло млеко
• 2 лажици шеќер
• 7 г сув квасец
• 4 полни лажици јогурт
• 120 мл масло
• 650–750 г брашно (додајте постепено)
• 1 лажичка сол

За фил и премачкување:
• џем по избор (јагода, кајсија, вишна)
• 1 жолчка
• 1 лажица млеко
• НМД

За завршен слој:
• 3 лажици шеќер во прав
• 1 лажица шеќер
• 1 кесичка ванилин шеќер
• растопен путер

печени крофни од рерна

Постапка

1. Во длабок сад додајте топло млеко, шеќер и сув квасец. Оставете неколку минути да се активира.

2. Додајте јајце, јогурт и масло, па постепено сипете брашно и замесете меко тесто. На крај додајте сол.

3. Покријте го тестото и оставете го на топло место додека да се удвои во волумен (околу 45 минути).

4. Стасаното тесто префрлете го на работна површина, кратко премесете и развлекувајте кора со дебелина на прст.

5. Со чаша вадете кругови (секогаш парен број).

6. На половина од круговите направете мало вдлабнување и додајте 1 лажичка џем.

7. Рабовите лесно навлажнете ги со вода, па поклопете со втор круг и добро затворете.

8. Со чаша повторно обликувајте за правилна форма и отстранете го вишокот тесто.

9. Наредете ги крофните во плех обложен со хартија, покријте и оставете да стасаат уште 15 минути.

10. Измешајте жолчка со млеко и премачкајте ги крофните.

11. Печете во загреана рерна на 180°C околу 20–25 минути додека да добијат златна боја.

12. Топлите крофни покријте ги со крпа неколку минути, додека да омекнат од пареата.

13. Премачкајте ги со растопен путер.

14. Измешајте шеќер во прав, шеќер и ванилин шеќер, па валкајте ги крофните од сите страни.

Совети за совршени крофни

• Додавајте брашно постепено за да добиете меко и еластично тесто

• Не ги преполнувајте со џем за да не истече при печење

• Покривањето по печење е клучно за мекост и сочност

• Овој рецепт е идеален ако сакате помалку масен десерт без пржење

• Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ