Home ТЕСТО Традиционални варени ѓевреци со сусам: Тајната за крцкава кора и мека внатрешност

Традиционални варени ѓевреци со сусам: Тајната за крцкава кора и мека внатрешност

🥨 Традиционални варени ѓевреци со сусам – крцкави однадвор, меки однатре

Домашните варени ѓевреци се вистинска класика која никогаш не излегува од мода. Подготвени по традиционален рецепт, тие добиваат препознатлива крцкава кора благодарение на краткото варење, додека однатре остануваат меки како душа.

Овој рецепт е идеален и за појадок и за ужина, а одлично се комбинира со различни намази, млечни производи или топол чај, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

📝 Потребни состојки:

За тесто:
• 1 кг брашно
• 550 мл млака вода
• 3 лажички сол
• 5 лажички шеќер
• 1 коцка свеж квасец

За варење:
• 1,2 л вода
• 3 лажици маџун

За валање:
• 250 г сусам

👩‍🍳 Постапка:

1. Во длабок сад додајте брашно, сол, шеќер и издробен квасец. Сипете млака вода и замесете меко и еластично тесто. Покријте го со кеса и оставете го на топло место додека да го удвои волуменот.

2. Откако тестото ќе нарасне, размесете го кратко и поделете го на 15–18 еднакви делови. Од секој дел оформете топчиња.

3. Од секое топче направете дупка во средината и внимателно оформете ѓеврек.

4. Во тенџере сипете вода и додајте маџун. Ставете на умерен оган додека да зоврие.

5. Секој ѓеврек ставајте го во зовриената вода и варете го по околу 30 секунди од двете страни. Внимавајте да не се превари.

6. Извадете ги ѓевреците, веднаш валајте ги во сусам од двете страни и редете ги во тава обложена со хартија за печење.

7. Одозгора лесно попрскајте со вода и малку брашно за да добијат убава златна кора.

8. Печете во претходно загреана рерна на 220°C околу 20 минути, додека да добијат златно-кафеава боја.

💡 Совети за совршен резултат:

• За поинтензивна боја, можете да користите комбинација од маџун и шеќер во водата.

• Ако користите модерна рерна со вентилатор, намалете ја температурата за околу 10–15 степени.

• Овие ѓевреци се одлични и за замрзнување – само кратко загрејте ги пред сервирање.

• Постапката погледнете ја во видео прилогот ТУКА.