Домашните крофни не мора да бидат комплицирани за да бидат совршено меки и вкусни. Овој проверен рецепт со неколку основни состојки е идеален за сите што сакаат брз, економичен и сигурен резултат, без употреба на рерна.
Благодарение на правилната ферментација и техниката на обликување, крофните излегуваат воздушести однатре и убаво златни однадвор – како од професионална пекарница, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

🧾 Потребни состојки
• 300 г пченично брашно
• 2 г сол
• 3 г сув квасец
• 2 јајца
• 160 мл млако млеко
• НМД
• масло за пржење (по потреба)

👩🍳 Постапка
1. Во длабок сад измешајте го брашното со солта и сувиот квасец.
2. Додајте ги јајцата и постепено сипете го млакото млеко.
3. Замесете меко, фино и мазно тесто додека да престане да се лепи.
4. Покријте го тестото и оставете го да ферментира додека да го удвои волуменот (приближно 45–60 минути, во зависност од температурата).
5. Ферментираното тесто не го премесувајте повторно. Развлечете го со оклагија во долгнавеста правоаголна кора со дебелина од околу 1 см.
6. Исечете ленти со широчина од 2–3 см. Редете по две ленти една врз друга и со дрвено стапче или рачка од лажица притиснете ги во средината за да се залепат.
7. Исечете ги на половина, а со прстите нежно притиснете ги краевите за да се затворат и да ја добијат карактеристичната форма.
8. Покријте ги обликуваните крофни со најлонска кеса и оставете ги да одморат 10 минути.
9. Пржете ги во умерено загреано масло (средна температура), вртејќи ги од двете страни додека да добијат рамномерна златна боја.
Извадете ги на хартија за впивање и послужете ги топли или млаки.
💡 Корисни совети
• Умерената температура на маслото е клучна за рамномерно пржење и помала апсорпција на маснотии.
• Овој тип тесто е погоден и за професионални фритези, што го прави применлив и за мали угостителски бизниси.
• Може да се послужат со шеќер во прав, мед, џем или чоколаден прелив.
• Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:





































