Домашната ачма е едно од оние теста што на прв залак остава впечаток на врвен пекарски производ.
Овие слоевити ачма печива се одликуваат со исклучителна мекост, богат вкус и структура што потсетува на квалитетни пекарски специјалитети, но се подготвува со основни состојки што лесно се наоѓаат.
Рецептот подолу е идеален избор за појадок, семејна трпеза или кога сакате домашно тесто со сигурен резултат.
Постапката е јасна, а техниката на обликување создава воздушеста внатрешност и златна кора – токму она што го бараат љубителите на традиционалната ачма, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


🧾 ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
За тестото:
• 400 мл млако млеко
• 10 г сув квасец
• 2 лажици шеќер
• 2 белки од јајца
• 125 мл масло
• 6 г сол
• 600 г брашно
За премачкување и слоевитост:
• 100 г растопен путер
• 4 лажици масло
• НМД
За премачкување пред печење:
• 2 жолчки од јајца
• 1 лажица масло


👩🍳 ПОСТАПКА
1. Во длабок сад сипете го млакото млеко, додајте го сувиот квасец и шеќерот, па измешајте додека да се соединат.
2. Додајте ги белките и маслото, па повторно измешајте.
3. Постепено додавајте го брашното, мешајќи додека да добиете меко тесто. Кон крајот додајте ја солта.
4. Замесете меко тесто што е малку лепливо на допир. Покријте го и оставете да ферментира околу 1 час, додека да го зголеми волуменот.
5. По ферментацијата, премесете го тестото на лесно набрашнета површина и поделете го на 12 еднакви топчиња.
6. Во мал сад измешајте го растопениот путер со маслото. Намастете ја тепсијата, наредете ги топчињата и премачкајте ги и нив со маснотијата. Покријте и оставете да одморат 20 минути.
7. Земете едно топче и со прстите полека развлечете го во тенка кора. Свиткајте во ролат.
8. Ролатот неколкупати свиткајте го во спротивна насока, спирално, а потоа оформете го како полжав.
9. Повторете ја постапката со сите парчиња и наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
10. Премачкајте ги со мешавина од жолчки и масло.
11. Ставете ги во рерна загреана на 100 степени и оставете да нараснат уште 10 минути.
12. Потоа зголемете ја температурата на 190 степени и печете додека да добијат убава златна боја.

13. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:


































