Посни уштипци „печени како на сонце“
Овие посни уштипци се меки, воздушести и неодоливо мирисни – токму како оние што ги паметиме од детството.
Благодарение на газираната вода и комбинацијата од квасец и прашок за печиво, тестото добива лесна структура, а уштипците излегуваат убаво нараснати и рамномерно заруменети, како „печени на сонце“.
Совршени се и за посна трпеза и за секојдневно уживање, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
• 500 мл газирана вода
• 20 г свеж квасец
• 1 лажица шеќер
• 1 кесичка прашок за печиво
• 1 лажичка сол
• 550 г брашно
• масло за пржење
• НМД
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја газираната вода да биде млака, но не врела.
2. Во неа растворете ги квасецот, шеќерот и прашокот за печиво, па промешајте додека да се соединат.
3. Додајте ја солта, а потоа постепено додавајте го брашното, мешајќи со лажица или шпатула додека да добиете изедначено тесто.
4. Тестото треба да биде меко, влажно и лепливо. Покријте го со чиста крпа и оставете го на топло место додека да го зголеми волуменот.
5. По ферментацијата, повторно промешајте го тестото и оставете го да одмори уште 15 минути.
6. Во меѓувреме, загрејте тава со масло со длабочина од околу 1,5–2 см.
7. Натопете лажица во врела вода, па земајте од тестото и внимателно спуштајте ги уштипците во загреаното масло.
8. Пржете ги додека да заруменат убаво од двете страни.
9. Готовите уштипци вадете ги врз хартиена салветка за да се впие вишокот масло.
Послужете ги топли, по желба посипани со шеќер во прав или со солени додатоци – еднакво се вкусни во двете варијанти. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































