Home ТЕСТО Перек-стапчиња, највкусни во целиот свет! Секогаш успеваат, а моето семејство и пријателите...

Перек-стапчиња, највкусни во целиот свет! Секогаш успеваат, а моето семејство и пријателите многу ги сакаат…

Перек-стапчиња – домашен рецепт што секогаш успева

Од сите рецепти што ги правам со години, овие перек-стапчиња се најсигурниот избор – без разлика дали ги подготвувам за семејството, пријателите или кога ми треба нешто миризливо и свежо за на маса.

Секогаш успеваат, секогаш се меки и воздушести, а домот неизбежно замирисува на убаво домашно печиво.

Прекрасни се и затоа што можете да ги обликувате по своја желба: потенки и подолги, како вистински стапчиња, или пократки и подебели – скоро како мали меки кифлички, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки

За тестото:

• 1 кг брашно
• 250 мл масло
• 600 мл млако млеко
• 2 коцки свеж квасец
• 1 лажица шеќер
• 25 г (2 лажици) сол
• сусам или ким – по желба
• 1 јајце за премачкување

За прелив – по желба:
• 2 лажици брашно
• 1 лажица сол
• малку вода
• НМД

Постапка за приготвување

1. Активирање на квасецот

Во сад измешајте го издробениот квасец со шеќерот и малку млако млеко. Оставете да се активира околу 15 минути.

2. Месење на тестото

Просејте го брашното, додајте сол, масло, активиран квасец и преостанатото млеко.

Замесете меко, еластично тесто. Можете да месите рачно или со миксер со спирални продолжетоци – прво 2–3 минути на ниска брзина, потоа 5–7 минути на најсилна, додека тестото стане целосно компактно.

3. Прва ферментација

Покријте го тестото со влажна крпа и оставете го да стаса во рерна загреана на околу 40–50 °C со подотворена врата. По околу еден час, тестото треба значително да го зголеми својот волумен.

4. Обликување на стапчињата

Премесете го стасаното тесто и поделете го на 25–30 топчиња. Оставете ги кратко да одморат.

Секоја топка развлечете ја во лента долга околу 25 см, па завиткувајте ја од долу нагоре, нежно истегнувајќи ја за да добиете долги тенки стапчиња.

Подредете ги во намастен плех, оставајќи околу 2 см растојание меѓу нив. Оставете ги повторно да стасаат кратко. Потоа премачкајте со јајце и посипете сусам или ким.

5. Печење

Печете во претходно загреана рерна на 220 °C околу 10–18 минути, во зависност од рерната.

Во меѓувреме подгответе го преливот: во сад измешајте брашно, сол и малку вода додека да добиете густа бела смеса.

По околу 8 минути печење, извадете го плехот, прелијте ги стапчињата со преливот и вратете ги да се запечат до златна боја.

6. Завршница

Штом ги извадите од рерна, покријте ги со влажна крпа околу 3–4 минути. Така ќе останат меки, воздушести и пријатни за јадење дури и подоцна — иако ретко остануваат за подоцна.