Пилешко со тестенини во кремаст сос со пармезан
Овој рецепт за пилешко со тестенини во богат кремаст сос со пармезан е совршен спој на едноставност и раскошни вкусови.
Сочните коцки пилешко месо, комбинирани со свеж зеленчук и ароматични зачини, создаваат јадење што е истовремено лесно за подготовка и импресивно за послужување.
Идеално за семејна вечера или специјална пригода, ова јадење ќе ги воодушеви сите љубители на вкусна храна, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 500 г пилешко бело месо
– 1 лажичка слатка пиперка во прав
– 1 лажичка лук во прав
– 1/2 лажичка сол
– 1/2 лажичка мелен црн пипер
– 1 голема пиперка
– 1 главица брокула
– 1 црвен кромид
– 2 гранчиња целер (или 1/2 страк праз)
– 3-4 чешниња лук
– 100 г рендан пармезан или кашкавал по избор
– 250 г тестенини
– 240 мл неутрална течна павлака
– 2 лажици путер
– 2 лажици маслиново масло
– НМД
Постапка:
1. Во голема тава на средна температура растопете го путерот и додајте го ситно ренданиот лук. Пржете го кратко, околу 30 секунди, додека да испушти арома, внимавајќи да не загори.
2. Исушете го месото со хартиена салветка и исечете го на коцки со еднаква големина. Зачинете го со маслиново масло, сол, мелен црн пипер и слатка пиперка во прав.
Добро измешајте за да се обложат сите парчиња со зачините. Додајте го пилешкото во тавата со лук и пржете го на средна температура додека да зарумени од сите страни, околу 5-7 минути. Потоа извадете го пилешкото и оставете го настрана.
3. Во меѓувреме, во голем сад со врела посолена вода, сварете ги тестенините според упатството на пакувањето за ал денте текстура. Исцедете ги и оставете ги настрана.
4. Во друга тава, на средна температура, загрејте малку маслиново масло и додајте го ситно сечканиот црвен кромид. Пржете го додека да омекне, околу 2-3 минути.
Потоа додајте го ситно сечканиот целер (или половина страк праз, доколку го користите како замена) и продолжете со пржење уште 2 минути.
Додајте ја ситно сечканата пиперка, а на крај и брокулата исечкана на мали цветчиња. Зачинете со сол, мелен црн пипер и лук во прав.
Динстајте на тивок оган додека зеленчукот омекне, но сè уште задржува малку крцкавост, околу 5-7 минути.
5. Вратете го прженото пилешко во тавата со зеленчукот и добро промешајте. Додајте ги сварените и исцедени тестенини и измешајте за да се соединат вкусовите.
6. Прелијте го јадењето со неутралната павлака и додајте го ренданиот пармезан. Гответе на тивок оган уште 1-2 минути, мешајќи додека пармезанот се растопи и се создаде кремаст сос.
7. Послужете го јадењето топло, по желба посипано со дополнителен рендан пармезан.
Добар апетит! Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:
https://www.youtube.com/watch?v=oI36qzcC_W0












