Ова се најубавите КИФЛИ за со кафе или чај…Сите го испробаа рецептот, воодушевување на сите страни… Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
6 јајца
1 коцка свеж квасец 40-42 г
300 г шеќер + шеќер за посипување
250 мл млеко
1 лажица екстракт од ванила (може и повеќе)
1 кора од лимон
150 мл масло + 100 г стопен путер (во текстот – маснотија)
Околу 1200 г брашно
За премачкување:
2 жолчки
2 лажици млеко
ПОСТАПКА:
Во сад истурете 100 мл топло млеко и во него растворете 1 лажица шеќер и изронетиот квасец, па оставете го 15-тина минути да се активира и запени.
Во друг сад пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека тој да се растопи, па додајте го преостанатото топло млеко, ванилата, ренданата кора од лимон и малку маснотија. Повторно изматете кратко со миксер.
Сипете го квасецот и започнете постепено да додавате просеано брашно, додека да замесите меко тесто, одвреме-навреме додавајќи помалку од преостанатата маснотија. Соберете го тестото во топка, развлечете го и повторно соберете го.
Месете додека да исчезне маснотијата (целосно да се апсорбира) и да се добие мазно тесто. Покријте го и оставете го на топло место да ферментира додека да се удвои во волуменот.
Поделете го на три или четири топчиња (зависи колку сакате да бидат големи кифлите), отворете ги во голем круг, исечете триаголници и во широкиот дел ставете фил по желба, мармалад, чоколадо, крем…) и свиткајте.
Готовите кифли оставете ги на топло место дополнително да нараснат и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени. Пред тоа премачкајте ги со изматените жолчки и одозгора посипете ги со шеќер. Рецепт од Калиопа Бузинис.