Вакви кифлички не сум направила…Излегоа најмеки од сите досега! Многу се декоративни, меки и вкусни. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250 мл млако млеко
10 г сув квасец
1 лажица шеќер
80 мл масло
100 мл јогурт на собна Т
550 г брашно Т400 меко
За фил:
200 г ситно сирење
1 белка
1 жолчка за премачкување на кифлите
ПОСТАПКА:
Од наведените состојки замесете средно меко тесто. оставете на топло да ферментира додека да го удвои волуменот. Потоа премесете го и поделете го на 15 топчиња по 60 г. Оставете ги покриени да одморат 10-15 минути.
Со оклагија секое топче развлечете го во тенка овална кора. На едниот крај ставете фил и свиткајте до половина. Другата половина од кората исечете ја на ленти.
Секоја лента накрсно преклопете ја со соседната лента и потоа свиткајте ја преку кифлата (погледни видео). Кифлите наредете ги во плех обложен со хартија за печење и премачкјате ги со жолчка.
Оставете ги 15-тина минути додека се загрева рерната на 200 степени и печете ги 25-30 минути или додека да заруменат. Додека се топли прекријте ги со крпа и оставете ги да подизладат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.