Надуени, надуени немасни „пуфки“…Рецепт за пекарски уштипци кои не впиваат масло…Многу брз и лесен рецепт кој можете да го приготвите за појадок, вечера или закуска…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

1 чаша кисело млеко, густ јогурт или кисела павлака
1 јајце
2 лажици маслиново масло
1 лажичка сол
1 кесичка прашок за печиво
3 чаши брашно +- (се додава постепшено, по потреба)

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте ги сите наведени состојки, а брашното помешано со прашок за печиво додавајте го постепено. Кога тестото ќе стане компактно, замесете го со рака, 5 минути. Треба да биде меко, но да не се лепи.

Оставете го да одмори 10 мнинути, па развлечете го на набрашнета работна површина во правоаголна кора со дебелина од приближно 5 мм. Исечете ја кората на коцки по ваша желба.

Пржете ги во умерено загреано масло и почекајте да се надујат како балончиња и да заруменат од долната страна. Потоа превртете ги и допржете ги и од другата страна. Постапката погледнете ја ОВДЕ:

https://youtu.be/km8Tx2Resfc?si=b7LtfwLANoI8oTBB