ЛЕБ КОЈ НЕ СЕ МЕСИ ОД 3 СОСТОЈКИ…Само измати со лажица, истури и испечи во тенџере…Секогаш печам по 2 вакви леба, зашто првиот секогаш веднаш се изедува уште додека е топол.

Со овој вид на тесто не можете да погрешите дали е премеко или претврдо, бидејќи не се меси со рака…Потребно е само да се придржувате кон дадените мерки и да не додавате ништо повеќе или помалку…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

550 мл млака вода
1 лажичка шеќер
1 кесичка сув квасец или 20 г свеж квасец
670 г брашно тип 400
2 лажички сол

ПОСТАПКА:

Активирајте го квасецот во малку млака вода со лажичка шеќер, па сипете го во брашното помешано со сол и остатокот од вода. Добро изматете го со лажица и оставете го покриено да стасува додека да го зголеми волуменот.

Тестото без премесување претурете го во високо тенџере обложено со хартија за печење и одозгора посипете го со малку брашно. Рерната загрејте ја на 250 степени, поклопете го тенџерето и ставете да се пече 30 минути.

Тргнете го капакот и печете уште 15 минути. Лебот оставете го 10-тина минути да се лади на решетка, па отстранете ја хартијата. Постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ.