Откако го дознав овој метод, не можам да престанам а да не ги правам веднаш штом ги изедеме сите…НАЈДОБРИТЕ КРОАСАНИ ВО СВЕТОТ…
Едноставно и лесно! Конечно можам да ги направам кроасаните побрзо без да чекам преку ноќ и со само едно диплење…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 г брашно
40 г шеќер
5-6 г инстант квасец
150 г ладна вода (не треба да се загрева)
30 г путер/маргарин
5 г сол
150 грама путер / маргарин за лиснати теста
За премачкување на кроасаните: 1 жолчка + 0.5 лажица млеко
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад измешајте ги шеќерот со квасецот и залијте ги со вода и промешајте додека да се впие. Потоа додајте путер и сол и месете 10-тина минути додека тестото да добие еластичност.
Тоа не е меко како за леб, туку има средна густина, меко и еластично. Ако не можете да го измесите со рака, тогаш користете миксер со спирални продолжетоци, наменети за тесто. Кога ќе го потегнете треба да се развлекува како ластик.
2.Завиткајте го во фолија, со оклагија малку развлечете го како пита, па оставете го во замрзнувач 30 минути до 1 час. Кога ќе го извадите ќе биде смрзнато, но брзо ќе се опушти.
3.Развлечете го во кора со димензии 22х32 см. Одокативно поделете го на три дела, па во средината распоредете го путерот. Преклопете ги и затворете сите страни.
4.Развлечете го во долгнавест правоаголник со должина од 45 мл. Од едната страна преклопете 2 третини, а од другата страна 1 третина. Потоа целото преклопете го на половина.
5.Повторно развлечете го во долг праволаголник 45-50 см. Отсечете ги краевите по 0.5-1 см, и повторно здиплете го на 3 пати. Ова е последното диплење.
6.Сега тестото развлечете го кога со димензии 28-30 см и дебелина од 4-5 мм. Користете скалпел и долг линиар за да исечете триаголници 8х28 см.
7.Секој триаголник дополнително истегнете го да добие должина приближно 36-38 см. Поширокиот крај малку отсечете го, сплескајте го со оклагија за да почне полесно да се витка, па продолжете до крај…Свиткајте ги кроасаните.
8.Наредете ги во плех на соодветно растојание, бидејќи во текот на печењето ќе пораснат. Одозгора испрскајте малку со вода (од шише со распрскувач) и оставете ги да ферментираат додека да го удвојат волуменот.
9.Премачкјате ги кроасаните со жолчка и печете ги во претходно загреана рерна на 190 степени, 10 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.