Ако имате млеко, брашно и шеќер, направете ги овие вкусни крофни…Многу лесни и меки како памукчиња…Се топат во уста…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тесто:
800 грама брашно
400 мл млако млеко (2 чаши)
80 г шеќер (1/2 чаша)
2 јајца на собна Т
1 ванилин шеќер или кора од лимон
2 лажици путер
1/2 лажичка сол
1 лажица сув квасец (10 г)
За фил:
600 мл млеко
2 јајца
2 лажици шеќер
3 лажици пченкарен скроб
1 лажичка екстракт од ванила или ванилин шеќер
ПОСТАПКА:
1.Во млекото растворете ги квасецот и шеќерот, па додајте го јајцата и соединете. Постепено додајте го брашното помешано со солта. Кога стане компактно убаво измесете го (5-6 мин) на набрашнета работна површина.
Треба да добиете меко и мазно тесто кое не се лепи на рака. Оставете го во намастен сад, покријте го и оставете го да ферментира 1 час на топло место.
2.Во тенџере измешајте јајца, шеќер, скроб, ванила и млеко, па доведете до вриење на умерена температура, па намалете и мешајте непрекинато додека да згусне. Тргнете од оган, додајте лажица путер и лажичка лимонов сок.
Соединете и оставете да се лади.
3.Стасаното тесто малку премесете го, развлечете го врз набрашнета површина и со модла или чаша вадете крофнички од кората.
Остатокот од тестото соберете го и повторете ја постапката додека целото да се потроши.
4.Крофните покријте ги и оставете ги да одморат 20 минути.
5.Пржете ги во умерено загреано масло (спуштајте ги со горната страна надолу).
6.Валајте ги во ситна шеќер и полнете ги со приготвениот крем. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://www.youtube.com/watch?v=p7BHZuCJy9c