ПОСНИ ПИШИИ СО 1 ЧАША ГАЗИРАНА ВОДА И БРАШНО…Незаменлив рецепт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 мл газирана вода,
1 мала лажичка сол,
1 лажица масло,
360 г брашно (3 чаши),
масло за пржење

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте ја водата со солта и маслото, па постепено додајте го брашното. Добро измесете го 5-10 минути за да стане еластично, па оставете го 20 минути во фрижидер.

2.Поделете го на 8 дела, па обликувајте топчиња. Откако ќе одморат 5-10 минути, развлечете ги во тенки кори со големина на средна чинија.

3.Пржете ги во умерено загреано масло по 1.5-2 минути од секоја страна и редете ги една врз друга врз хартиена салветка.