ПРЖЕНИ МЕКИЦИ ГОТОВИ ЗА 20 МИНУТИ…На децата им се омилени…Ги имам запишано како „Батхура“, а можете да ги најдете како „лангиди“ или под други називи. Еве што ви е потребно за овие вкусни пржени погачици:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

4 чаши брашно
1 чаша јогурт
1/2 чаша млеко
1/2 лажичка сол
1 лажичка сода бикарбона
2 лажици масло

ПОСТАПКА:

1.Соединете ги брашното, солта и сода бикарбоната. Додајте масло,млеко и јогурт, па замесете средно меко тесто. Треба добро да се измеси за да стане еластично (5-8 минути).

2.Тестото оставете го отстои на собна температура (на топло) 60 минути, или пак, ставете го во сад покриен со кеса и нека преноќи во фрижидер.

3.Потоа тестото поделете го на 8 топчиња (или повеќе за помали мекици), па секое топче развлечете го на работна површина посипана со малку брашно.

4.Пржете ги на умерено загреано (врело) масло по неколку минути од двете страни. Пржените мекици спуштајте ги на хартиена салветка и редете ги една врз друга. Рецепт на Ерна.