Како пилешкото да биде сочно, а не жилаво и суво…Само ставете 2 состојки во смесата…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

600 г пилешко бело месо
1 јајце
1 полна лажица кисела павлака 50 г
сол и црн пипер
1 лажица брашно 30 г

ПОСТАПКА:

1.Месото исечете го на тенки ленти или на тенки шницли. Зачинете го, па додајте јајце и павлака.

2.Добро промешајте, покријте со проѕирна фолија и оставете во фрижидер да се маринира 15 минути или подолго.

3.Потоа додајте го брашното, промешајте и парчињата пржете ги во умерено загреано масло додека да заруменат од сите страни.

По желба можете да го похувате во мешавина од брашно, лебни трошки и малку сусам. Постапката погледнете ја ОВДЕ.