ТОСТ СО САЛАТА ОД КРАСТАВИЧКИ…Вкусен и здрав оброк за сите што сакаат да го намалат стомакот…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 краставица
1 лажичка сол
3 чешниња лук
2 млади кромитчиња
1 лажица лимонов сок
2 лажици кисела павлака
1 лажица маслиново масло
2 парчиња леб

ПОСТАПКА:

1.Краставицата исечете ја на тенки тркалца, посолете ја и истискајте ја низ раце за да излезе вишокот вода.

2.Додајте ситно сечкано лукче, кромитче, павлака, лимонв сок и маслиново масло, па сето добро измешајте го.

3.Лепчињата испете ги на тостер и филувајте ги со салатата. Уживајте во предобриот вкус, ем вкусно, ем здраво и диетално. Постапката погледнете ја ОВДЕ.