Ситни печива за различни пригоди…Сите гости беа воодушевени и прашуваа за рецептот…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тесто:
1 лажичка сув квасец 3 г
1.5 чаша топла вода 300 мл
4 чаши брашно 450 г
1 лажичка сол 6 г
За премачкување на тестото:
200 г путер
За премачкување на печивата:
1 жолчка + лажичка масло (или посен мајонез)
Фил по ваш вкус
ПОСТАПКА:
1.Од наведените состојки замесете меко тесто. Кога ќе стане компактно истресете го на набрашнета површина и месете го 10 минути, да стане еластично. Покријте го и оставете го да ферментира 20 минути.
2.Потоа поделете го на 4 дела, обликувајте топчиња, покријте ги и оставете ги да одморат 15 минути.
3.На набрашнета површина отворете една кора и преку цела површина премачкјате ја со омекнат путер.
4.Преклопете од едната страна, па од сругата страна за да добиете тесен правоаголник. Одозгора премачкјате со путер, па продолжете со диплењето од долу и горе за да добиете квадрат. Оставете го покриено во фрижидер.
5.Отворете ја втората кора, премачкјате ја со путер и во средината поставете ја првата здиплена кора.
6.Преклопете од едната страна, па од другата, премачкјате со путер, па преклопете од горе и долу, повторно да добиете квадрат. Завиткајте во кеса и оставете во фрижидер да отстои 25 минути. Постапката повторете ја со преостанатите две кори.
7.Оладеното тесто развлечете го во голем квадрат, па исечете го на квадрати со широчина од три прсти. Во секој квадрат ставете фил по желба и затворете го како писмо.
8.Спакуваните погачици наредете ги во плех обложен со хартија, одозгора премачкјате ги со жолчка и печете ги во загреана рерна н 190 степени, 30-35 минути.
Постапката погледнете ја ОВДЕ.