ПИНЕРЛИИ СО УРДА И КАШКАВАЛ…Многу вкусни! Запишете си го овој рецепт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

2.5 чаши топла/млака вода
1.5 лажичка сол
1 лажица сув квасец (1 кесичка)
1 лажица шеќер
6 чаши брашно

За маснотија:
150 г путер или маргарин
50 мл масло

За фил:
урда или ситно сирење
рендан кашкавал
ситно сечкан магдонос

За премачкување на пинерлиите:
1 жолчка
1 лажичка масло или млеко

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад растворете ги квасецот и шеќерот во топлата вода, па додајте го брашното (постепено) и солта, па замесете меко тесто кое не се лепи за рака. Месете 5 минути и обликувајте го во топка.

2.Тестото истресете го на малку набрашнета површина и поделете го на 12 еднакви топчиња. Во меѓувреме растопете го путерот и помешајте го со маслото.

3.Со прстите малку сплескајте ги топчињата и потопувајте ги во маснотијата.

4.Покријте ги и оставете ги да одморат 20 минути.

5.По изминатото време земете едно тесто и поставете го врз мазна работна поврпина и со помош на прстите започнете да го развлекувате во тенка кора. По потреба намастувајте ја површината.

6.Тенката кора здиплете ја, најпрво преклопете од едната страна, па од другата страна за да добиете долгнавест правоаголник.

7.Во средината ставете фил, па преклопете го од едната страна, па од другата страна уште двапати за убаво да се спакува. Повторете ја постапката со сите теста.

8.Спакуваните пинерлии наредете ги на плех, покријте ги со крпа и оставете ги да одморат 15 минути. За тоа време вклучете ја рерната да се загрева на 190 степени.

9.Премачкјате ги со жолчка и печете ги додека убаво да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/WKIYUnMM-e4?si=25xmrZrvxEp4n0rG