ПОСНА ВЛАШКА ПИТА – Гозба за посни денови…Мека со многу вкусен и богат фил…Чури и мириса неодоливо…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 мл млака вода
1 кесичка сув квасец (8 г) или 30 г свеж квасец
1 лажичка шеќер
100 мл масло
600 г брашно
1 лажичка сол

ЗА ФИЛ:
2 страка праз
неколку компири (5-6 со средна големина)
зачин, сол и црн пипер по вкус

За премачкување на тестото:
150 г маргарин
малку црвен пипер во прав (1 лажичка)
се пече на 200 степени првите 10 минути, а потоа се намалува на 180 степени и се пече уште 15 минути

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад сипете 200 мл млака вода, квасец, шеќер и сосем малку брашно, колку сето да се промеша и изедначи. Оставете го на топло место 10-тина минути за да се активира и запени.

2.Потоа додајте уште 200 мл топла вода, масло, сол и брашно. Брашното додавајте го постепено, зашто е важно тестото да остане што е можно помеко, а сепак да не се лепи за раце.

3.Поделете го 6 топчиња, покријте ги и оставете ги да одмораат додека го приготвувате филот.

4.Празот и компирите исечкајте ги најситно што можете (може и во „сечко“), помешајте ги во тава, зачинете ги и 5-10 минути пропржете ги на малку масло колку да омекнат (може и сирови да се стават).

5.Земете едно топче и на малку набрашнета површина развлечете го во тенка кора (колку можете потенко. Тргнете ја настрана, па развлечете ги сите преостанати теста.

6.Првата кора премачкјате ја со растопен маргарин.

7.Филот поделете го на 5 дела. Распоредете една петтина врз првата кора. Преклопете со втора кора. Премачкјате ја со маргарин, па и врз неа распоредете фил. Продолжете ја постапката кора-маргарин-фил и на крај ставете ја последната кора.

8.После секоја кора малку развлекувајте го купот за да се добие што поголема пита.

9.Исечете ја на ленти широки 2-3 см и свиткајте ги како спирали, па наредете ги во плех обложен со хартија за печење.

10.Во остатокот од растопениот маргарин додајте црвен пипер, па рамномерно посипете ја питата одозгора.

11.Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени првите 10 минути, а потоа намалете на 180 степени и печете уште 15 минути.

Печената пита покријте ја со крпа и оставете малку да подизлади пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/IjjvyHvTSvI?si=VvvmZ8-a5xK9cvu3