Многу вкусен ПОСЕН КОЛАЧ СО ЧОКОЛАДО…Веднаш замешав уште една доза, зашто колачот уште жежок го изедовме…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г брашно
400 мл сок од портокал/фанта/јупи…
300 г шеќер или по вкус
250 мл масло
ситно рендана кора од портокал
1 лажичка сода бикарбона
2 лажички прашок за печиво
2 кесички ванилин шеќер
100 г чоколадни трошки

За глазура:
360 мл вода
50 г какао во прав
130 г шеќер
30 г скроб/нишесте/густин
10 мл масло
1 кесичка ванилин шеќер
плех 25х30 см

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад помешајте го сокот, маслото, ренданата кора и сода бикарбоната. мешајте 1 минута.

2.Потоа додајте го шеќерот, ванилата, прашокот за печиво и просеаното брашно, па добро изматете со жица за да нема грутчиња. На крај додајте ги чоколадните трошки/капки и уште еднаш промешајте.

3.Смесата излејте ја во намастен калап, израмнете и ставете да се пече 50-60 минути во претходно загреана рерна на 180 степени.

4.За глазура: во тенџере сипете вода, какао, шеќер и скроб, па мешајте и загревајте на умерен оган додека да се згусне. Пред крај додајте малку масло и ванила и изедначете. Сипете ја врз испечениот и подизладен колач.

5.Израмнете ја површината. Оладете го колачот барем еден час во фрижидер пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.