МЕКИЦИ ЗА 5 МИНУТИ: Се сечат со чаша…брз и вкусен појадок! Шупливи и полни со меури, меки како памук…

За оние кои бараат практична и вкусна закуска во кујната, рецептот за тесто со кашкавал (чедар сирење) нуди совршена опција. Незаборавен вкус за непцето…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1,5 чаши топло млеко
1 јајце
1 чаша рендано чедар сирење (кашкавал по избор)
1 чаша урда или ситно сирење
1 кесичка прашок за печиво
2 супени лажици маслиново масло
1 лажичка сол или по вкус
5 – 6 гранчиња копар/магдонос (по избор)
4,5 чаши брашно

ПОСТАПКА:

1.Јајцето измешајте го со сите течни состојки, па додајте ги сирењето о кашкавалот, прашокот за печиво, солта и ситно сечканата билка.

2.Изедначете ја смесата и започнете постепено да го додавате брашното.

3.Треба да добиете меко тесто кое сосем малку се лепи за рака. Додајте малку маслиново масло и домесете за да се измазни.

4.Кога ќе го впие маслото, тестото истресете го на набрашнета површина и нежно домесете го, па поделете го на две топки.

5.Веднаш развлечете кора од едното тесто и по потреба посипете брашно за да не ви лепи.

6.Со широка чаша или модла вадете ги мекиците.

7.Остатокот од тестото соберете го и повторно развлечете ги и вадете мекици додека сето да се потроши.

8.Пржете ги во масло загреано на умерена температура додека да заруменат од двете страни. Постапката погледнете ја ОВДЕ.