БРЗ РЕЦЕПТ ЗА БАЛОН ЛЕБОВИ: Лесна подготовка и само неколку состојки…Идеална опција за сите оние кои сакаат да го почувствуваат пријатниот мирис на свежо испечениот леб во домашни услови…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кесика сув квасец (10 г)
300 мл млака вода
2 супени лажици маслиново масло
4 чаши (од 200 мл) брашно
1 лажичка сол

ПОСТАПКА:

1.Квасецот растворете го во млака вода, додајте масло, сол и постепено додајте го брашното. Замесете со рака меко тесто кое се одвојува од ѕидовите на садот. Покријте го и оставете го на топло место да ферментира половина час.

2.Стасаното тесто малку премесете го и поделете го на 12-13 топчиња или помалку за поголеми лебови.

3.Секое топче развлечете го во тенка овална кора, но не премногу тенка. Развлечените корички покријте ги и оставете ги да одморат 10-15 минути.

4.Нелеплива тава или плоча загрејте на највисока температура. Ставете да се печат неколку корички (колку што собира). Штом започнат да набубруваат малку на краевите, веднаш превртете ги.

5.Веднаш, за една минута ќе забележите дека набубруваат повторно, па веднаш превртете ги пак на првата страна.

По една минута превртете ги повторно и ќе забележите дека почнуваат да се дујат. Ако не започнат да се дујат, значи дека има некоја дупче во тестото или треба да ги поставите на место во тавата со појак оган.

6.Неколку пати превртете ги лепчињата додека убаво да се надујат како балони и да заруменат по малку од двете страни.

7.Лепчињата се готови и ако ги ги отворите тие внатре се шупливи и погодни за полнење со фил по избор (месо, салата…). Постапката погледнете ја ОВДЕ.