ЛЕПИЊИ ОД РЕРНА КОИ СЕ ПЕЧАТ САМО 10 МИНУТИ…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (Се мери со чаша од 200 мл):
1 чаша топло млеко
1/2 чаша топла вода
1 кесичка активен квасец (10 г)
1 лажичка шеќер
1 лажици цврст јогурт или кисела павлака
3 лажици масло
4-4.5 чаши брашно
ПОСТАПКА:
1.Квасецот растворете го во мешавина од млако млеко и вода со лажичка шеќер, па додајте масло и јогурт. Постепено додајте го брашното и замесете меко тесто. Месете го сè додека почне да се одвојува од ѕидовите на садот.
2.Тестото покријте го и оставете го на топло место да ферментира 40-45 минути или колку што е потребно за да го удвои волуменот.
3.Истресете го на набрашнета површина и со набрашнети прсти малку премесете го и поделете го на 10 дела.
4.Обликувајте топчиња, ставете ги на набрашнета површина, покријте ги и оставете ги да одморат 20-25 минути.
5.Со оклагија развлечете ги во тенки кори со големина на чинија. По потреба посипувајте брашно за да не ви лепи.
6.Плехот од рерна обложете го со хартија и вклучете ја рерната да се загрева на 250 степени. Ставете 4 кори и печете ги 10 минути.
7.Веднаш извадете ги и оставете ги да се ладат на решетка, а во врелата рерна ставете нови. Следните лепињи се печат неколку минути помалку, бидејќи рерната веќе е доста врела.
Во зависност од рерната, можеби ќе ви бидат потребни само 6 минути за да ги испечете. За многу кратко време ќе ги испечете сите лепињи. Постапката погледнете ја ОВДЕ.