Оригиналниот рецепт се приготвува со кајмак, кој во недостиг може да се замени со павлака или сирење. Познато е под името „цицвара“, но можете да го сретнете и под други називи. Главно, тоа е вкусно и здраво јадење, а приготвено на овој начин е готово за само 20 минути!

Ова старо јадење речиси веќе и малку подзаборавено, е одлично за појадок затоа што не само што е вкусно, туку е и многу здраво и заситно. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 мл вода
200 мл млеко
300-400 г кајмак или сирење или к.павлака
8 лажици пченкарно брашно
1 супена лажица маст нерастопена (ако се користи кајмак, тогаш нема потреба)
1 лажичка сол

ПОСТАПКА:

Млекото, водата и маста стевете ги во тенџере на тивок оган. Кога ќе зоврие додајте го сирењето, посолете и промешајте.

Кога повторно ќе зоврие намалете ја температурата, сипете го пченкарното брашно и непрекинато мешајте, полека да се вари 10-тина минути.

Кога на дното од тенџерето ќе почне да се нафаќа слој како малку да подгорело, јадењето е готово. Послужете со кисела павлака, јогурт или кисело млеко, а може и салата по желба. Рецепт на Вукица.