Испробајте ги овие брзи и вкусни погачици за чие тесто не ви треба квасец, а сепак се меки и се топат во уста. Состојките се мерат со два вида чаши: голема чаша за вода од 200 мл и мала чаша за турски чај 125 мл. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 чаша топло млеко (200 мл)
1/2 чаша масло (100 мл)
1 јајце на собна температура
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1 кесичка прашок за печиво
3,5-4 чаши брашно

ЗА ФИЛ:

ситно сирење и магдонос

За премачкување:

1 лажица џем/меласа/малтекс/мед/јаворов сируп
2 лажици вода
печен/тостиран сусам

ПОСТАПКА:

Во садот за матење додадете млеко, шеќер, јајце и масло и измешајте.

Постепено додавајте брашно, прашок за пециво и сол и замесете меко тесто. Откако ќе стане компактно, добро измесете го и на работна површина за да се измазни и да стане компактно.

Од тестото исечете парчиња со големина на мандарина и поделете го на 15 еднакви делови.

Подгответе го филот: кремастото/ситно сирење помешајте го со 1-2 китки ситно исечкан свеж магдонос. За 15 топчиња ќе ви биде потребно 15 лажици фил.

Топчињата сплескајте ги со рака, во средината ставете една лажица фил, а потоа малку сплескајте со раката за да се втисне внатре.

Потоа земете едно, спојте ги краевите за да се затвори филот внатре и повторно обликувајте топче.

Обликуваните печива од едната страна прво потопете ги во растворен џем или мед (на една лажица мед, додајте две лажици вода), а потоа во сусам.

Потоа наредете ги во плех обложен со хартија за печење и одозгора направете мали засеци. Ставете да се печат загреана рерна на 180 степени додека да заруменат. Деталите од постапката погледнете ги ТУКА.