Без квасец! Многу лесна подготовка…
Потребни состојки: 300 г брашно, 3 јајца, 200 мл кисело млеко или цврст јогурт, 150 мл млеко, 100 мл масло, 1 кесичка прашок за печиво и 1 лажичка сол
Постапка: Во еден сад ставете го брашното, прашокот за печиво и солта, па промешајте и додајте ги останатите состојки. Ќе добиете помеко тесто, но такво треба да биде. Тепсијата подмачкајте ја па распоредете го тестото.
Рерната вклучете ја на 220 степени и кога ќе се загрее, ставете ја погачата да се пече додека убаво да зарумени. Послужете додека е топла со кајмак, домати, младо кромитче… Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: