loading...

Трик од кој целата куќа со денови ќе ви мириса преубаво: гостите ќе бараат да им ја откриете тајната

Денес повеќето луѓе посегнуваат по разни освежувачи за простории кои навистина се еден вид на решение, но исто така, можат да бидат и опасни по здравјето, бидејќи го зголемуваат ризикот за заболување од рак или астма.

Меѓутоа, постои едно ефикасно и природно решение кое не чини многу а резултатите се совршено мирисни.

За да направите домашен освежувач на воздухот, потребни ви се:

4 лажички сода бикарбона

2 капки масло од лаванда и

3 чаши вода

Сè што треба е да ги измешате овие состојки во еден сад, па потоа да ги преточите во чист сад со распрскувач. Користете по потреба.

Прскајте врз завеси, драпери, украсни перничиња, теписи…

Мирисот и свежината која ќе ја преплави просторијата ќе го воодушеви секој ваш гостин.

Напомена: некои еденцијални масла не се препорачуваат за бремени жени, па во таков случај консултирајте се со вашиот лекар.

loading...

loading...