Неверојатно нежен и вкусен куглоф

Потребни состојки:

4 јајца

200 г шеќер

100 мл масло

100 мл топла вода

½ прашок за печиво

200 г брашно

1 ванилин шеќер

1 лимон – кора

2 лажици какао

Постапка:

Се двојат белките од жолчките. Од белките се микса цврст снег. Во друг сад се микса 150 г шеќер, 4 жолчки, па се додава постепено вода и ванилин шеќер – смесата преба да биде пенаста.

Додаваме брашно помешано со прашок за печиво, рендана кора од лимон, масло, а на крај со лажица се соединува со снегот од белки.

Една третина од смесата одвојуваме, па во едниот дел ставаме какао и 50 г шеќер, па матиме со миксер или со жица за да соедини добро.

Во намастен и набрашнет калап за куглоф излеваме наизменично светла и темна смеса. Или прво излејте ја светлата смеса, па во нела излејте ја темната, а потоа со виљушка лесно промешајте за да добиете шари.

Рерната загрејте ја на 180 степени околу 40 минути. Извадете од калап и наросете обилно со шеќер во прав или направете чоколадна глазура, па прелијте врз изладениот куглоф и наросете по желба со сечкани ореви.

Loading...