Преубав џем од диња

Потребни состојки:

4 кг диња (2 средни)

2-3 лимони (зависи од сочноста и величината)

800 г шеќер

2 тегли од 1 кг

Соодветни капаци за теглите

Конзерванс може и не мора, а доколку одлучите да ставите, доволно е половина кесичка.

Постапка:

Измијте ги дињите надворешно, пресечете ги на половина, извадете ги семките и со лажица издлабете ја дињата во шерпа во која ќе го гответе џемот.

Изгмечете со рака, измешајте со шеќер и оставете да отстои два часа.

Исцедете лимон во дињите па ставете да се готви. Првите половина час гответе на посилна температура, потоа намалете и продолжете со готвење уште еден час или додека да сте задоволни со густината. Повремено промешајте, а пред крајот интензивно.

Теглите и капаците добро измијте ги и исушете ги во рерна загреана на 150 степени.

Врелиот џем ставајте го во врели тегли, сложувајте ги теглите во тепсија која ќе ја ставите во рерна на 200 степени уште 20 минути да крчка. Извадете од рерна и веднаш добро затворете со капаци. Уживајте во одличниот вкус. Вака подготвен може да се чува до зима.

Видео: