Доколку не сте задоволни со својата кожа и имате проблем со акни, пори, изгореници и дамки од сонце или кожа која изгледа уморно, доматот ќе ви биде од голема помош.

Доматот е богат со ликопен, антиоксидант кој делува како неутрален крем протв сонце. Овие антиоксиданти исто така делувааат како производ против стареење на кожата, а се борат и против разни оштетувања и црвенило. Се препорачува внес на најмалку еден домат дневно, кој ќе и помогне на кожата да ја задржи хидратираноста.

Ако имате проширени пори, сигурно знаете дека ти се збиралиште на нечистотијата од лицата и звор на инфекции. Во таков случај земете една супена лажица свеж сок од домати и додадете две до четири капки свеж лимонов сок. За нанесување на оваа смеса на лицето користете памук и масирајте со кружни движења. После 15 минути измијте се со ладна вода. Со редовна примена на оваа маска значително ќе се намалат порите.

Природната киселина во доматот помага во намалување и отстранување на акните. Витамините А и Ц се наоѓаат во многу лекови против акни, а доматот е богат токму со овие витамини. За сериозни проблеми со акни – изгмечете еден домат и нанесете го како маска врз лицето. Оставете да делува еден час а потоа исперете и нанесете хидрантен крем. Правете го ова еднаш дневно и акните би требало да се повлечат.

Во случај на многу масна кожа, земете краставица и неговиот сок измешајте го со сок од еден домат. Нанесете ја мешавината на лице со памук и тоа правете го секојдневно.

Летно време изгорениците се многу чести, а доколку тоа вам ви се случи, изгмечете половина домат и помешајте со две супени лажици јогурт. Таа мешавина нанесете ја на лице, врат, раце и стапала, а потоа исперете после 20 минути. Доматите ја ладат кожата и ја неутрализираат нејзината површина, додека јогуртот ги осигурува потребните протеини.