Сè уште не знаете што да приготвите за утрешниот ручек? Ви предлагам да направите жофте во доматен сос без претходно пржење. Ова јадење се приготвува многу лесно и брзо, а ќофтињата се многу меки и вкусни – Јасна Станојевиќ.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ЌОФТЕ: 500 г мелено месо, 1 главица кромид, 1 чешне лук, 2 јајца, 2 лажички сув зеленчуков зачин (вегета), 1 лажичка сув магдонос или една лажица свеж лист, половина лажичка црн пипер, 6 лажици лебни трошки (презла).




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ДОМАТЕН СОС: 2 лажици масло/путер/маст, 2 лажици брашно, 500 мл доматен сок, 400 мл вода, прстофат шеќер, 1 лажичка сол, босилек по вкус и други зачини по ваш избор и вкус




ПОСТАПКА: Во блендер и „сечко“ ставете една исчистена главица кромиц и исечена на помали парчиња, едно исчистено чешне лук и две јајца, па добро изитнете ги/сомелете ги во блендерот додека да добиете изедначена смеса. По желба, кромидот можете и сосем ситно рачно да го исечете.




Добиената хомогена смеса од кромид, лук и јајца додајте ја во садот со мелено месо, додајте ги сите зачини по ваш вкус, а на крај додајте ги и лебните трошки (презла). Месете со рака додека сите состојки добро да се изедначат и соединат.




На крај треба да добиете убава смеса која лесно се обликува. Оставете ја во фрижидер додека го приготвувате сосот. Во тава ставете масло/маст и додајте 2 лажици масло. Загревајте додека да се запржи брашното, неколку минути.




Потоа започнете постепено да додавате 500 мл доматен сос претходно растворен во 400 мл ладна вода. Непрекинато мешајте за да не се создадат грутчиња од брашното. Во сосот додајте сол, шеќер и босилек по вкус.




Кога ќе зоврие содржината, со рака формирајте мали топчиња и спуштајте ги во сосот. Откако ќе ја потрошите целата смеса од мелено месо, малку промешајте и намалете ја температурата на умерено, па продолжете со динстање уште 45 минути.




За тоа време ќофтињата ќе се зготват, а сосот убаво ќе згусне. Сите вкусови ќе се помешаат и ќе добиете едно неодоливо јадење кое сите во семејството ќе го обожаваат. пробајте го. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.