Алексија Младеновиќ, економист во пензија од Ниш, за чисти бели дробови препорачува ловоров лист и пиво. Кога таа заминала во пензија започнала да ги проучува лековитите билки со голем интерес.

Нејзината љубов кон природата датира уште од најраната младост и почетокот на планинарењето од кое никогаш не се откажала.

„Во секоја група за планинарење секогаш има по некој кој се занимава со лековити билки, па ни ги објаснува која за каква болест се користи, како се приготвува и како се користи.

Така беше поттикната мојата љубопитност и желба што повеќе да научам за фитотерапијата, што многупати ми помогна да пребродам настинка, грип, но и да го одржам доброто здравје.

Убедена сум дека речиси за секоја болест постои лек во природата, и дека барем може да ги олесни тегобите и да помогне во побрзо оздравување. Сега во време на пан-демија, потребно е особено да се одржува здравјето на д ишните патишта коe е првo на у дар на оваа з локобна болест.“

Исклучително лековита билка за лекување на настинки и воспаленија на д ишните патишта е ловоровиот лист кој обично ние го користиме како зачин – нагласува Алексија и објаснува:

„Ловоровиот лист е незаменлив кај проблеми со дишните патишта, бидејќи има антисептичко дејство. Пребогат е со витамини и минерали, па дури содржи и селен, за кој се смета како одлична превентивна состојка дури и за најте-шките болести.

Може да се користи како чај или сируп, бидејќи е благотворен за чистење на белите дробови, особено кај пу-шачите, за лекување на бронхитис и воспалено грло, ждрело и комплетен респираторен тракт.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3-4 ловорови листови, 300 мл вода, 1 лажичка мед, малку прополис, 1 парче лимон, 1 лист слаткарче. ПОСТАПКА: Ситно издробете три до четири ловорови листови, потопете ги во 300 мл вода и ставете да врие 10-тина минути, додека да испари третина од водата.

Потоа чајот оставете го да отстои 10-тина минути, процедете го во шолја и пијте 2-3 пати во текот на денот. Во него додајте лажичка мед, малку прополис, парче лимон или лист од слаткарче , за да се подобри вкусот.

Кој од здравствени причини не може или не сака слатки напитоци, тогаш во овој чај може да стави прстофат морска сол или да издроби трошка коцка супа, како што јас често правам, бидејќи на тој начин ми е најубав.“

СИРУП ОД ПИВО И ЛОВОРОВ ЛИСТ. Покрај чајот, Алексија Младеновиќ прави уште еден интересен напиток од ловоров лист. „Со помош на сирупот кој го пиев покрај редовната терапија, од ловоров лист и пиво, го забрзав санирањето на една многу силна настинка и воспаление на белите дробови.“

Овој сируп се приготвува на два начини: еден со вода, а друг со пиво, и тој содржи најмногу витамини од Б групата. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г шеќер
500 мл пиво (1 лименка), 10 големи ловорови листови.

ПОСТАПКА: Шеќерот се карамелизира додека да добие убава златна боја, па се прелива со лименка пиво и се додаваат 10 поголеми ловорови листови ситно издробени. Ова мора да се приготви во подлабок сад бидејќи пивото запенува и може да претече.

Кога ќе зоврие се остава да вари уште 15-тина минути на тивок оган. Треба да се излади на собна температура и се додава лимон по вкус, прополис и мед. Изладениот сируп се процедува и се складира во стаклено шише и се чува во фрижидер. Се конcyмира до 2 супени лажици, 2-3 пати во текот на денот.

Ако се пригитвува со вода (подеднакво на идентичен начин, само наместо пиво се става 600 мл вода), може да им се дава и на деца бидејќи содржи бројни витамини и минерали, а благотворно и сми-рувачки делува и на стомачни проблеми.